Услови за користење

Договор за користење на услуги

1. Општо

(1) USA Summer Work & Travel Alumni Macedonia (во понатамошниот текст само „SWTA” или „Здружение”) има дизајнирано, развиено и издадено софтверски производ наречен Letsfundit (во понатамошниот текст само „LFI” или „Софтвер”). Софтверот и неговите придружни апликации (во понатамошниот текст само „Услуги“) се обезбедени од страна на SWTA единствено за лична употреба. За да ја користите Услугата, претходно мора да го прочитате и да се согласите со Договор за користење на услуги (во понатамошниот текст само „Договор“). Овој Договор ги уредува претстојните деловни односи помеѓу Вас и Здружението и ја заменува секоја претходна и/или тековна комуникација.

(2) Letsfundit.mk е платформа каде што одредени корисници, односно „Креатори на Проект",  започнуваат кампањи со цел да обезбедат доволно финансиски средства и на други корисници, т.н „Поддржувачи на Проект“, им нудат соодветни награди. 

(3) На Letsfundit.mk може да се пронајдат различни „Содржини“, меѓу кои: видеа, фотографии, уметнички дела, графики, аудио клипови, коментари, текстови, софтвер, скрипти и други материјали, различни информации. Креаторите на проекти, Поддржувачите, посетителите на Платформата и корисниците на услугите (со едно име „Корисници“) можат да бидат во состојба да придонесат за реализација на некој конкретен проект, да создадат или да додадат различни содржини.

(4) Услугата која се нуди на Платформата е достапна само за лицата кои се постари од 18 години и имаат целосна деловна способност. Вие самите гарантирате дека сте физичко лице кое навршило 18 години и дека сите лични податоци кои ги наведувате при регистрацијата се точни и вистинити. Претставниците на Letsfundit.mk го задржуваат правото да побараат соодветен доказ за Вашата возраст и повремено да го запрат функционирањето на Вашиот профил се додека не го добијат соодветниот доказ.

2. Услови за употреба

(1) Во овој Договор се предвидени законски-обврзувачките услови за користење на интернет-страната www.letsfundit.mk, сите интернет-страни кои се во сопственост и се управувани од страна на SWTA и сите поддомени, како и сите услуги кои се даваат од страна на SWTA (во натамошниот текст „Услуга“). 

(2) Овие Услови за употреба се однесуваат на секој Корисник на Услугата. Некои услуги може да бидат предмет на дополнителни услови усвоени од страна на Letsfundit.mk. Пред да ги користите Услугите внимателно прочитајте ги овие Услови за употреба.

(3) Со користење на Услугата, Вие се согласувате да бидете обврзани со овој Договор и со Условите за употреба, Политиката за приватност која е достапна на http://www.letsfundit.mk.com/privacy и со сите правила, постапки и услови кои ќе бидат објавени од страна на SWTA.

(4) Доколку некоја одредба од Условите се смета за неспроведлива или невалидна, нејзината употреба ќе биде ограничена или отфрлена во најмала можна мера, така што Условите ќе останат во сила. Неуспехот на било која од страните на Договорот да оствари некое право кое е предвитено во таа одредба, нема да се смета за откажување од соодветното право.

(5) Со користење на Услугата, Вие се согласувате од Letsfundit да добивате известувања, договори и секаков вид на информации во врска со Услугата по електронски пат. За електронска комуникација се смета и јавното објавување на известувања на интернет-страната. 

3. Промена на Условите за употреба

Здружението го задржува дискреционото право, врз основа на свое убедување, да ја промени или да ја замени оваа Политика со објавување на ажурирана или на нова верзија на интернет-страната. Вие имате обврска повремено да проверувате на интернет-страната дали Политиката е променета или заменета. Ако продолжите со употреба на услугите по настанатите промени или замената, се претпоставува дека Вие сте ги прифатиле промените или замената.

4. Регистрација 

(1) Секое лице може да ја види содржината на Платформата без регистрација. Сепак, услов за користење на одредени аспекти на Услугата, неопходна е претходна регистрација и дефинирање на корисничко име и лозинка.

(2) При регистрацијата, Вие сте обврзани да обезбедите вистинити и целосни лични податоци. Во спротивно, тоа претставува повреда на Условите за употреба, што може да резултира со укинување на вашиот профил.

(3) Забрането е да се користи корисничко име, име на домен или име на проект:

i. Кое претставува име на друго лице;

ii. Во однос на кое некое друго лице има соодветни права и овластувања; или

iii. Кое е навредливо, вулгарно или непристојно.

(4) Забрането е користење на туѓ профил без посебно овластување или без писмена дозвола од сопственикот на профилот. 

(5) Здружението го задржува дискреционото право да одбие регистрација или да укине корисничко име, име на домен и/или име на конкретен проект.

(6) Здружението може врз основа на сопствено убедување и во секое време да ги промени условите за регистрација и/или да одбие да обезбеди Услуги на било кое физичко или правно лице. Оваа одредба не се однесува на оние ситуации кога Услугата е забранета со закон.

(7) Без оглед на причините и во секое време, Здружението го задржува правото да ја промени, суспендира или прекине Услугата. Исто така, Здружението може да го ограничи пристапот до Услугата без претходна најава.

5. Финансирање на проектот

(1) Преку отпочнување на кампања за собирање на финансиски средства на Letsfundit.mk, Вие како Креатор на проект ѝ нудите на јавноста соодветна награда ако го поддржи Вашиот проект и Ви овозможи истиот да го реализирате. Доколку кампањата е успешна, секој од Поддржувачите се согласува со Вашата понуда и со тоа влегува во посебен договорен однос со Вас. 

(2) SWTA не е страна во тој договор. Сите деловни односи се исклучиво помеѓу Корисниците.

(3) Со отпочнување или поддршка на кампања на Letsfundit.mk, Вие се согласувате да бидете обврзани со овој Договор во целост, вклучувајќи ги и следните услови:

i. Поддржувачот се согласува да ги обезбеди потребните податоци во врска со исплатата и тоа во моментот кога се согласува да поддржи конкретен проект.

ii. Поддржувачот е обврзан да ја исплати онаа сума која ја ветил при прифаќање на понудата на Креаторот, но не и повисока или пониска. Исплатата на договорената сума ќе се изврши на денот кога Поддржувачот ги вложил финансиските средства;

iii. Доколку по завршувањето на кампањата не се соберат доволно средства за целосна реализација на конкретниот проект, SWTA ќе ги исплати собраните средства на Креаторот на кампањата;

iv. Letsfundit.mk ќе го извести Креаторот во врска со висината на вложените финансиски средства и личните податоци на секој Поддржувач посебно;

v. Доколку на Креаторот му се потребни дополнителни податоци за Поддржувачите, тој ќе мора да ги побара податоците директно од самите Поддржувачи. Ако е неопходно за да ја прими ветената награда, Поддржувачот се согласува да ги обезбеди сите потребни податоци во разумен рок;

vi. Само доколку кампањата е успешна, Креаторот е обврзан да ја исполни наградата или да му исплати соодветен надомест на секој Поддржувач. Ако Креаторот не ја исполни оваа обврска, SWTA не нуди враќање на парите на Поддржувачите.

vii. SWTA го задржува дискреционото право во секое време и поради било која причина да одбие или да откаже конкретен влог;

viii. SWTA го задржува дискреционото право во секое време и од било која причина да одбие или да прекине конкретна кампања. Притоа, SWTA не сноси одговорност за било каква штета која е резултат на претходнонаведените дејства; 

ix. Се додека кампањата е во тек, Креаторот не смее да се откаже од својот проект без објективно оправдана причина, ниту пак да преземе било какви дејства за реализација на проектот. Под ’објективно оправдана причина’ се сметаат: губење или ограничување на деловната способност и виша сила. Доколку постои ваква причина и Креаторот сака да се откаже од Проектот, тој претходно мора да добие писмена дозвола од SWTA. Под ’објективно оправдана причина’ во ниту еден случај не се подразбира откажување заради неуспех на кампањата.

x. Во случај на неуспешно завршена кампања, сите вложени финансиски средства во активните проекти за време на јавни настани и собири не подлежат на понатамошено пренасочување или повлекување, односно сите средства ќе му бидат исплатени на креаторот по завршување на сите стандардни процедури. 

6. Права и обврски

(1) Во согласност со условите и ограничувањата содржани во овој Договор, SWTA му доделува на Корисникот неексклузивно, непреносливо и ограничено право на пристап до Услугите. Сите други права се задржани од страна SWTA. 

(2) Како услов за користење на горенаведеното право, Корисникот не смее да ја користи Услугата за било која цел која е спротивна на закон или на Условите за употреба.

(3) Корисникот не смее да ја користи, копира, репродуцира, измени, јавно да ја објави, продава, дава на аукција, изнајми, закупи, дистрибуира, изврши трансфер или да ја открие Услугата или дел од неа, освен ако за тоа не е писмено овластен од страна на SWTA или тоа не е предвидено во овој Договор.

(4) Со исклучок на член 5 од овој Договор („Финансирање на проектот“), Услугата на Letsfundit.mk се обезбедува само за Ваша лична и некомерцијална употреба.

(5) Вие сте одговорни за сите Ваши активности кои се поврзани со Услугата. 

(6) Корисникот нема право да ги пренесува своите обврски од Договорот.

(7) Вие или било кое трето лице овластено од Вас нема да го користи Вашиот профил или да преземе некоја активност која:

i. Повредува закон, договор, патент, трговска марка, деловна тајна, авторско право, право на рекламирање, или било кое друго право на друго физичко или правно лице;

ii. Не е точна и вистинита и која доведува до заблуда, а вие сте свесни за тоа;

iii. Е заканувачка, штетна, навредлива или вулгарна;

iv. Дискриминира, клевети, измамува, ја нарушува приватноста на трети лица, содржи говор на омраза и слично;

v. Повредува права и слободи на трети лица, а особено на малолетници;

vi. Не е во согласност со било каква правна обврска која се должи на трето лице; 

vii. Измени или избрише податоци и информации од профил на друг Корисник;

viii. Ја користи Услугата за цели кои се поврзани со коцкање и слични незаконски игри на среќа;

ix. Претставува промотивен материјал, било каква junk mail, spam, chain letters, или пак било какво несакано или неовластено рекламирање;

x. Содржи софтверски вируси, компјутерски кодови, документи или програми кои се наменети да го нарушат, оштетат, ограничат или прекинат нормалното функционирање на било кој софтвер, хардвер или телекомуникациска опрема;

xi. Содржи софтверски вируси, компјутерски кодови, документи или програми кои се наменети да го оштетат или да добијат неовластен пристап до било кој систем, податоци, лозинки и останати информации на Здружението или на трето лице; 

xii. Фалсификува податоци со цел да го прикрие изворот на податоците кои се пренесуваат; или

xiii. Неовластено се презема во туѓо име, вклучувајќи вработен или претставник на Letsfundit.mk.

(8)Дополнително, забрането е:

i. Да преземете било каква акција која претставува неразумно или непропорционално оптоварување за Letsfundit.mk или неговите соработници. SWTA е оној кој определува која акција ќе се смета за таква во конкретна ситуација;

ii. Да го попречувате или  да се обидете да го попречите работењето на Letsfundit.mk и на обезбедувањето на Услугата;

iii. Да дозволите пристап на Платформата на трети лица на начин спротивен на одредбите од овој Договор;

iv. Да не ги почитувате мерките кои Letsfundit.mk ги има донесено со цел го спречи или да го ограничи пристапот до Услугата; или

v. Да водите автоматски електронски пораки или spam на Услугата.

(9)Вие не смеете посредно или непосредно:

i. Да дешифрирате, разделите, расклопите или на било кој друг начин да го изведете изворниот код или основните идеи и алгоритми на Услугата, освен во границите кои се дозволени со закон; 

ii. Да промените, преведете или на друг начин да создадете изведени дела од Услугата и/или другите проекти; или

iii. Да копирате, изнајмите, закупите, дистрибуирте, или на друг начин да пренесете некое Ваше право. 

(10)Креаторот се обврзува дека нема да ги злоупотреби личните податоци на останатите Корисници. Под терминот ’злоупотреба’ се подразбира „користење на лични податоци за било која цел која е спротивна на целите кои јасно и изречно се наведени во Проектот на Креаторот, или која не е поврзана со реализацијата на Проектот“.

7. Надоместоци и плаќања

(1) Зачленувањето на Letsfundit.mk е бесплатно. 

(2) И покрај став (1), за Услугите кои ги обезбедува SWTA треба да се плати надомест во висина од 5% од износот на собраните финансиски средства. Исто така, Креаторот е обврзан да ги сноси трошоците за банкарските услуги.

(3) Секоја промена на износот на надоместокот ќе биде ефективна откако јавно ќе биде објавена на интернет-страната.

(4) Средствата кои се ветени од Поддржувачите се упллатуваат на сметка на UniBank преку Cassys начинот на плаќање. Letsfundit.mk не сноси одговорност за исплатата.

8. Интернет-страни на трети лица

(1) Во одредени ситуации, може да се појави потреба од поврзување со други интернет-страни кои не се контролирани од страна на SWTA. Пристапувањето до интернет-страни на трети лица е на Ваша одговорност и Вие го сносите целиот ризик. 

(2) SWTA не одговара за законитоста, содржината, соодветноста и вистинитоста на податоците на третите интернет-страни.

(3) Посетата на тие интернет-страни не имплицира на одобрување од страна на SWTA.

9. Содржина и дозвола

(1) Содржината на Платформата е обезбедена од страна на SWTA и нејзините партнери и Корисници. 

(2) Содржината може да биде заштитена со авторско право, трговска марка, патент, деловна тајна и со други права согласно закон. Вие сте обврзани да ги почитувате тие права.

(3) SWTA му доделува на секој Корисник светски-распространето неексклузивно и непреносливо право на користење и репродуцирање на Содржината. 

(4) Тоа право може да се користи само за лична, непренослива и некомерцијална употреба. Доклку правото се користи за други цели, неопходна е преходна писмена дозвола од страна на SWTA или од носителот на право на интелектуална сопственост.

(5) Забранета е продажба, издавање дозвола или изнајмување на Содржината за комерцијална употреба.

(6) Забрането е користење на Содржината на начин на кој им се повредуваат или ограничуваат правата на трети лица.

10. Интелектуална сопственост

(1) Со внесувањето на Содржина на интернет-страната, Корсинкот се согласува со следните услови:

i. Здружението нема да ужива сопственички права врз Содржините. 

ii. Сепак, Здружението треба да има дозвола за да врши соодветни Услуги во Ваша и сопствена корист. Како резултат на тоа, а во врска со Услугата, со работата на Здружението, со промоцијата и рекламирањето на интернет-страната, Вие ѝ доделувате на Здружението и од неа овластени лица неексклузивно, неотповикливо, постојано и преносливо право:

• Да го користи, уредува, промени, репродуцира, прикаже, хостира, пренесе во живо, продаде, пласира на пазарот, дистрибуира и на друг начин да ги користи Вашите поднесоци и трговски марки, слогани, логоа и останати сопственички права;

• Да ги преземе сите неопходни работи за да ја обезбеди Услугата;

• Да им овозможи на сите Корисници пренос во живо, преземање, прикажување, дистрибуција, собирање, и на било кој начин користење на Содржините и трговските марки во врска со Услугата; и 

• Да ги користи и објави Содржините, трговските марки, имињата, лични материјали (Ваши и на членовите на Вашата група). 

iii. Сите Содржини треба да ги објавувате користејќи го Вашето полно лично име или корисничко име.

iv. Вие му доделувате на секој Корисник на Платформата неексклузивно право на пристап до Вашите Содржини, право истите да ги користи, уредува, менува, репродуцира, пренесе, прикаже и од нив да изведе други дела. Сите овие активности може да се извршуваат само за лични, некомерцијални потреби.

v. Вие гарантирате дека Вашите Содржини не содржат материјали кои се заштитени со авторски права, освен доколку немате посебна дозвола од сопственикот или законски сте овластени да ги објавите соодветните Содржини или да му ја доверите таа задача на SWTA.

vi. Вие сте задолжени да плаќате приходи за авторски права кои се должат на било кое лице.

vii. Во ниту еден случај не смеете да ги повредите или ограничите правата на трети лица. 

viii. SWTA има дискреционо право да избрише, уреди, измени, реформатира или да преведе било која Ваша Содржина.

ix. За сите податоци кои ќе ги објавите преку Платформата, без разлика дали тоа е јавно или не, одговорностa ја сноси единствено лицето од кое оригинерно потекнува тој податок или информација. SWTA не сноси одговорност за било какви грешки или пропусти.

x. SWTA не гарантира во врска со идентитетот на било кој Корисник со кој ќе стапите во контакт при користење на Услугата.

xi. Вие сте тие кои го сносите ризокот и целосната одговорност за настаната штета или загуба при пристапот кон Содржините на интернет-страната

(2) Во соодветни околности, Корисничките профили ќе бидат укинати врз основа на закон или поради повторени прекршувања на туѓите права од интелектуална сопственост.

(3) SWTA, преку договори со даватели на лиценци, при обезбедувањето на Услугите може да вклучи соодветна интелектуална сопственост на трети страни. Оваа лиценцирана интелектуална сопственост и сите права во врска со неа ќе останат во сопственост на давателот на лиценцата.

11. Повреда на авторски права

(1) Доколку сметате дека некое Ваше авторско право е повредено, известете го Letsfundit на support@Letsfundit.mk или со поднесување на овој поднесок -  this form. 

(2) Пред да го преземете овој чекор, Ве замолуваме претходно да се конслутирате со правник или да проверите во соодветен закон. 

(3) Вашето известување треба да ги содржи следните информации: 

i. Потпис на лицето кое е овластено да дејствува во име на сопственикот на авторското право кое е засегнато;

ii. Опис на авторското дело чии права тврдите дека се прекршени;

iii. Опис на местото каде што се наоѓа делото за кое тврдите дека прекршува соодветно авторско право;

iv. Ваша поштенска адреса, телефонски број и email адреса;

v. Изјава дека во добра волја верувате дека постои употреба на конкретно дело за која не постои законско овластување, или овластување од сопственикот на авторското право, неговиот претставник; и

vi. Изјава дека горенаведените податоци и информации се точни и вистинити, како и тоа дека Вие сте сопственикот на авторското право или неговиот претставник.

(4) Доколку Вашата молба е потполна и навистина постои повреда на Вашето авторско право, SWTA веднаш ќе ги отстрани сите материјали кои прекршуваат конкретно авторско право или ќе го оневозможи пристапот до нив.

(5) Ако верувате дека Ваше дело е отстрането по грешка, Ве молиме писмено известете го SWTA на support@Letsfundit.mk. Ова известување мора да ги содржи следните информации:

i. Потпис на Корисникот на Услугата; 

ii. Опис на делото кое е отстрането или чиј пристап е оневозможен или ограничен;

iii. Опис на местото каде што се наоѓало делото пред да биде отстрането;

iv. Изјава дека во добра волја верувате дека делото по грешка отстрането или чиј пристап е оневозможен или ограничен постои грешка или погрешна идентификација на сопственикот; и

v. Името на Корисникот, неговата поштенска адреса, телефонскиот број и изјавата дека Корисникот не ја оспорува надлежноста на Основен суд Скопје 1 Скопје. Доколку Корисникот има постојано место на живеење во друга држава, тогаш изјавата треба да се однесува на оној суд кој има надлежност во неговото местото на живеење или престојување.

(6) Доколку не ги почитувате претходнонаведените барања, Вашето известување ќе се смета за невалидно.

12. Ограничување на одговорноста

(1) Вие во секое време сносите целосна одговорност за сите активности кои се преземаат на Вашиот профил и за одржување на доверливоста на Вашата лозинка.

(2) SWTA не одговара за било каква штета или загуба која ќе настане во врска со исплаќањето на наградите или со користењето на Услугата.

(3) SWTA не е обврзанo да се вклучи во било каков спор помеѓу Корисниците, или помеѓу Корисниците и трети страни, а кој е настанат во врска со користењето на Услугата. 

(4) SWTA учествува во подготовката на сите проекти со тоа што ја оценува и одобрува нивната Содржина. SWAT не ја надгледува реализацијата на проектите. 

(5) Вие го ослободувате SWTA, неговите службеници и вработени од секакви побарувања и надоместоци на штета.

(6) Во ниту еден случај, SWTA, одговорните лица, вработените, агентите, деловните партнери, добавувачи или давачите на услуги нема да сносат договорна или вондоговорна одговорност, или било каков друг вид на одговорност поврзана со давањето на Услугата, а која произлегува од:

i. Било какво губење на профит, податоци, трошоци на набавка на замена на стоки или услуги;

ii. Било каков вид на штета (посредна или непосредна; казнена; последователна; случајна или намерна и слично);

iii. Било каква бубачка, вирус, тројански коњ, без оглед на изворот; или од

iv. Користењето или неможноста за користење на Софтверот или Услугата.

13. Надомест на штета

(1) Вие се согласувате дека секоја повреда или закана за повреда на овој Договор резултира со нематеријална штета која не може соодветно да биде надоместена со паричен надомест. Поради тоа, Вие ја овластувате SWTA да преземе соодветни привремени или трајни мерки, за да го одврати Корисникот од конкретната повреда или закана за повреда. Ова овластување не го одзема правото на SWТA да искористи други правни лекови кои се достапни за да ја надомести штетата, вклучувајќи го и барањето за паричен надомест.

(2) Вие ќе ја обештетите и ќе ја ослободите SWTA, подружници, сестрински здруженија, нивните службеници, директори, вработени и добавувачи од секој вид на одговорност, побарувања за отштета и секакви трошоци кои произлегуваат или се поврзани со користењето, злоупотребата или пристапот до Услугата, Содржината и Условите за употреба.

14. Гаранција

(1) SWTA нема посебен деловен однос со Вас ниту повереничка должност кон Вас. 

(2) Интернет-страната може да содржи одредени информации или содржина која е навредлива или несоодветна според некои Корисници. SWTA не е одговорна за однесувањето на Корисниците и содржините на нивните профили на Порталот;

(3) Вие признавате дека SWTA нема обврска да преземе било како чекор во врска со следново:

i. Секој Корисник да добие пристап до Сајтот;

ii. Откривање на влијанието на Содржината врз корисниците и како тие ја толкуваат Содржината; или

iii. Што Корисниците може преземат како резултат на Содржината.

(4) SWTA не гарантира дека секоја Содржина ќе биде објавена на Порталот.

(5) SWTA не е обврзана да обезбедува континуирано, исправно и безбедно функционирање на Софтверот, Услугата, Вашиот профил или било кој сервер.

(6) SWTA не гарантира за квалитетот на Услугата, за автентичноста, вистинитоста, точноста на податоците кои се содржани во кампањите и проектите, ниту за почитувањето на законските одредби или за авторските и сродните права. 

(7) SWTA го задржува правото без известување, во секое време и без оглед на причината:

i. Да откаже, прекине, суспендира кампања или проект;

ii. Да отстрани, уреди или промени било која Содржина; и

iii. Да отстрани или да блокира некој Корисник.

(8) SWTA, одговорните лица, вработените, агентите, претставниците, добавувачите, партнерите и лицата кои ја обезбедуваат Услугата не гарантираат дека:

i. Услугата ќе биде обезбедена и достапна во одредено време и на посебно место;

ii. Услугата и нејзините резултати ќе ги задоволат Вашите барања;

iii. Евентуалните грешки и/или дефекти ќе бидат поправени и/или отстранети; 

iv. Содржината или Софтверот не содржат вируси и други штетни компоненти;

v. Услугата или Софтверот не повредуваат некое право од интелектуална сопственост.

(9)Исто така, SWTA не ја гарантира доверливоста или приватноста на комуникацијата на било кои податоци кои се пренесени на Поратлот или на било која интернет-страна поврзана со Порталот. SWTA нема да сноси никаква одговорност поврзана со заштитата на приватноста на Вашите email адреси, личните податоците, разменетата комуникација, деловните тајни, доверливите информации или било која Содржина зачувана на опрема на SWTA, пренесена преку нејзината мрежа или поврзана со Вашето користење на Услугите.

15. Применливо право

(1) Овој Договор, Условите за користење и сите понатамошни правила, политики, насоки и документи, се регулирани и се толкуваат согласно законите на Р. Македонија.

(2) Вие се согласувате дека нема да ја оспорувате надлежноста на македонските судови и дека сите спорови кои ќе настанат во вркса со Договорот, Условите за користење, горенаведените лица и со вршењето на Услугата, ќе бидат решавани пред судовите кои имаат надлежност во Р. Македонија.

(3) Пристапот до Услугата е дозволен само на онаа територија каде што тое не е спротивно на закон. Во спротивно, Вие самите ја сносите целата одговорност за непочитување на законските прописи.

16. Прекин/раскинување

(1) SWTA, поради било која причина и без претходно известување, може да го забрани Вашиот пристап до Услугата. Забраната може да резултира и со бришење на сите податоци и информации кои се поврзани со Вашиот профил.

(2) Доколку Вие самите сакате да го укинете Вашиот профил, тоа може да го сторите согласно дадените инструкции на интернет-страната.

(3) Сите надоместоци кои до тој момент ги имате уплатено се неповратни.

(4) Сите одредби од Условите за користење кои можат да опстанат и по раскинувањето на овој Договор, нема да ја изгубат својата валидност. Тие одредби се однесуваат, меѓу другото, на: сопственоста, гаранцијата, обештетувањето, ограничувањето на одговорноста и друго.

(5) Одредбите од овој Договор, со исклучок на член 6(1) и 6(3), ќе продолжат да важат во целост и по раскинувањето на овој Договор.

(6) Ако некоја одредба од овој Договор се смета за неспроведлива или неважечка, во целост или само еден нејзин дел, таа одредба ќе се измени во најмали можни рамки и до оној степен само за да се постигне нејзината спроведливост и валидност, без притоа да се влијае на останатите одредби од Договорот.

(7) Овој Договор го сочинува целокупното преговарање помеѓу договорните страни во врска со предметот на Договорот и ја заменува секоја претходна и/или тековна комуникација, преговарање, обврзување и согласност помеѓу нив.

(8) Евентуалните промени на овој Договор направени од страна на Корисникот ќе стапат на сила откако Корисникот писмно ќе ја извести SWTA во врска со измените и двете страни ќе го потпишат посебниот Анекс на Договорот кој ќе се однесува само за тие две страни.

(9) SWTA го задржува дискреционото право во секое време да ги смени условите содржани во овој Договор. Измените ќе бидат ефективни откако за тоа ќе ги извести Корисниците. Известувањето ќе се смета за валидно ако биде јавно објавено на интернет-страната. Доколку по промените, Корисникот продолжи да ја користи Услугата, ќе се смета дека тој/таа се согласил со соодветните промени.

17. Завршни одредби

(1) SWTA нема да сноси одговорност за било кое неисполнување на обврските, доколку неуспехот се должи на виша сила или причина која е надвор од контролата на Здружението. Како таква причина може да се сметаат, меѓу останатите и: механички, електрични или комуникациски проблеми.

(2) Условите за употреба се лични и непреносливи, освен доколку SWTA посебно писмено не Ве овласти за тоа.

(3) Сите известувања кои се однесуваат на Условите за употреба ќе бидат доставени до засегнатото лице во писмена форма. Доставата ќе се смета за уредна доколку:

i. Е предадена лично на лицето; 

ii. Се добие потврда за прием на писмото (кога се испраќа по пошта или факс на адресата која е наведена во регистрацијата); или 

iii. Еден ден по испраќањето на електронската пошта (кога известувањето се испраќа на онаа email адреса наведена во регистрацијата)

(4) Во случај на појава на спор поврзан со овој Договор, страните на овој Договор се согласуваат спорот да се реши по мирен пат, спогодбено.

© 2014 Letsfundit. Логото на Letsfundit претставува трговска марка. Сите права се во полна  сопственост на SWTA.