Let's Fund It катче

Дефинирање на Вашиот проект

Имате одлична идеја која сакате да ја реализирате, но немате доволно средства за нејзина реализација. Без разлика дали се работи за книга, некој настан кој што сакате да го реализирате, филм или start up бизнис. Без разлика дали станува збор за книга, филм или бизнис идеја секоја Let’s Fund It кампања претставува проект.

Дефинирањето на вашиот Let’s Fund It проект е првиот чекор кој треба да го направите. Да имате фокусиран и добро дефиниран проект со јасен почеток и крај е од витално значење. На пример, пишувањто на нова книга е завршен проект кој завршува кога авторот ја издава книгата. Оставете поддржувачите да одлучат колку е реална Вашата цел, како и Вашата способност истата да ја реализирате.

Ако не сте сигурни дека Вашиот проект е погоден за Let’s Fund It (или дали Let’s Fund It е погоден за Вашиот проект), ние би Ве охрабриле да ги прочитате Let’s Fund It насоките за градење на успешен проект.

Награди

Луѓето ќе вложат во Вашиот проект бидејќи им се допаѓа идејата, но за да привлечете поголем број на луѓе треба да смислите креативни награди. Најголем дел од нас кога се откажуваат од своите средства очекуваат нешто за возврат. Наградите се она што поддржувачите ќе го добијат за одредено вложување во проектот. Смислете креативни награди, но внимавајте, проектите чии награди се преценети или неинспиративни, тешко добиваат поддршка.

Исто така при креирањето на наградите секогаш имајте во предвид колкави се трошоците за нивната испорака. Земете ги во предвид трошоците за поштарина пред да почнете проект.  Тие можат да бидат поголем дел од Вашиот буџет отколку што сте планирале. Имајте на ум како ќе ја испратите секоја награда и колку истата ќе тежи во случај да ја доставувате преку пошта.

Одлучи што да понудиш

Основна награда на секој проект треба да биде она што е направено од страна на самиот проект. Ако проектот е пишување на нова книга, наградата би требало да вклучи копија од книгата. Наградите осигураат дека поддржувачите ќе имаат корист од проектот онолку колку и самиот креатор.

Поставување на Вашата цел

Секој проект мора да има јасно поставена финансиска цел т.е. колку средства му се потребни за истиот да се реализира, како и определен временски период за кој сакаат да ја постигнат целта. Не постои магична формула за да се определат истите. Секој проект е различен. Но, пред да започнете со вашата кампања имајте неколку работи на ум:

        - Направете финансиска конструкција на проектот

Колку парични средства Ви се потребни за реализација на проектот? Дали сите средства ќе се обидете да ги соберете преку LFI платформата? Размислете колку средства можете да соберете со помош на Let's Fund It и поставете ја финансиската цел блиску до тој износ.

- Кои се Вашите потенцијални поддржувачи

Let’s Fund It не е магичен извор на пари. Финансирањето доаѓа од Вашата мрежа на пријатели, нивните пријатели и познаници, но најмногу од оние на кои им се допаѓа Вашиот проект поради неговата уникатност и иновативност, па ентузијастички сакаат да го поддржат. Од Вас зависи како ќе го изградите тој импулс за Вашиот проект.

- Поставување на краен рок на Вашиот проект

Кампањата на Let’s Find It може да трае од еден до шеесет дена. Но, внимавајте, доколку направите Вашиот проект да трае подолго, тоа не значи дека тој ќе биде успешен. Колку повеќе ја зголемувате временската рамка за проектот, мотивацијата кај поддржувачите се намалува. Проектите со подолг период поттикнуваат помала итност и им оставаат простор на поддржувачите да размислат дали да Ве поддржат.

Изработување на Вашето видео

Докажано е дека проектите кои имаат видео имаат и поголем процент на успешност. На Let’s Fund It не можете да креирате проект без видео.

Знаеме дека правењето видео Ви изгледа застрашувачки. Не сите сакаме да бидеме пред камера. Но, верувајте дека тоа може да биде многу забавно, а истовремено е и предизвик кој вреди да се превземе. Доколку сте љубопитни, стиснете play на некое од видеата на платформата. Најдобриот начин да ги почувствувате емоциите, мотивот и карактерот на проектот е преку видео. Тоа е демонстрација на вложениот напор и е добар показател за иден успех.

Не Ви е потребна професионална камера за Вашето видео да им се допадне на луѓето. Не плашете се да се претставите пред камера и дозволете им на луѓето да видат кому му даваат пари. Можете да потрошите и денови на снимање и монтажа, но доколку не ја кажете јасно Вашата цел и не ја претставите Вашата идеја, не сте постигнале ништо. Бидете концизни и преку кратко видео, во неколку минути, дајте им јасна претстава за проектот на потенцијалните поддржувачи.  Докажано е дека луѓето најчесто ги гледаат првите 15 секунди од видеото. Доколку истото не ги заинтересира тие не продолжуваат да го гледаат. Заради тоа, најдете начин уште на почетокот да го задржите нивното внимание.

Без разлика колку е креативно или едноставно Вашето видео, во него:

• Преставете се !

• Кажете ја приказната која стои зад проектот. Од каде ја добивте идејата?

• Убедете ги луѓето да го подржат Вашиот проект. Објаснете им како ќе ги искористите нивните инвестирани пари.

• Зборувајте за наградите што ќе ги добијат Вашите поддржувачи. Можете да користите и слики.

• Покажете дека реализацијата на овој проект е многу важна за Вас, но и за целото општеството.

• Заблагодарете им се на сите кои го погледнале Вашето видео!

Исто така би било убаво доколку во позадина на видеото вметнете музика која ќе го задржи вниманието на луѓето. Еве неколку страни кои може да Ви помогнат: SoundCloud, Vimeo Music Store, Free Music Archive и ccMixter.

Не заборавајте дека во Вашето видео не смеете да користите материјали кои се со заштитени авторски права! Исто така за да го прикачите Вашето видео на платформата, истото не треба да биде поголемо од 50 MB и треба да биде во AVI или MP4 формат.

Создавање на Вашиот проект

Немој да избрзувате со создавањето на Вашиот проект! Глобалните анализи покажуваат дека за создавање на еден просечен, успешно финансиран проект потребни се скоро две недели пред да биде објавен. Наш совет е да имате внимателен и промислен пристап кој ја зголемува веројатноста за исплатливост на проектот.

Откако проектот ќе го поставите на платформата, тимот на Let’s Fund It ќе го разгледа и може да Ви даде некои совети кои ќе Ви помогнат да имате успешна кампања. Ваша одлука е дали ќе ги прифатите!

Име на Вашиот проект

Името на Вашиот Let's Fund It проект треба да биде едноставно и лесно за помнење, а истовремено треба да го отсликува проектот кој сакате да го реализирате. Не заборавајте дека по реализацијата на проектот дел од луѓето ќе Ве препознаваат според името на Вашата crowd funding кампања.

Слика за Вашиот проект

Сликата е “лого” на Вашиот проект. Одберете слика што прецизно ќе го отслика Вашиот проект, ќе изгледа добро и ќе ги натера луѓето да сакаат да дознаат повеќе!

Опис на проектот

Краткиот опис се појавува веднаш под проект и е најдоброто место за брза комуникација со јавноста на која ќе и ја претставите Вашата идеја. Бидете фокусирани и објаснете што сакате да постигнете со проект. Ако треба да го опишете проектот во еден здив, како би го опишале?

Вашата биографија

Претставете се во неколку зборови и дозволете им на потенцијалните поддржувачи да дознат нешто повеќе за Вас. Кажете зошто го правите овој проект? Кратката биографија е важна за да ја добиете довербата кај луѓето.

Промовирање на Вашиот проект

Иновативните проекти може да добијат огромна поддршка од сите страни на светот, но за повеќето проекти, поддршката доаѓа од нивните лични контакти и контактите на тие контакти. Ако сакате луѓето да го поддржат Вашиот проект, ќе мора да им ја раскажете Вашата приказна повеќе од еднаш и тоа на разни начини!

- Социјални мрежи

Личен контакт или испраќање на лична порака е најефективниот начин за да ги информирате Вашите блиски за crowd funding кампањата која сте ја започнале. Тие покрај тоа што се и Ваши најголеми поддржувачи, се и најголеми промотори на проектот со самото тоа што ќе го споделуваат им кажуваат на нивните пријатели и познаници за проектот.

Користете ги и социјалните мрежи како Facebook или Twitter за да ги вклучите сите контакти. Споделете линк на Вашиот профил од crowd funding кампањата и напишете порака со која ќе ги информирате сите за проектот, но истовремено ќе ги поттикнете да го погледнат видеото. Исто така најдете и блогови со истомисленици, каде ќе ја побарате нивната поддршка.

Но, внимавајте да не бидете досадни. Не ги преплавувајте со меилови и групни пораки контактите кои ги имате, но осигурајте се дека ќе ги потсетите за Вашиот проект повеќе пати за времетраењето на кампањата. Најдете време да ги контактирате луѓето, секој од нив индивидуално. Со тоа му давате поголемо значење на секој од потенцијалните вложувачи.

- Контактирајте ги медиумите

Направете кратка статија за кампањата која е во тек и испратете ја до сите интернет портали заедно со линкот кој води до проектот. Верувајте дека дел од порталите ќе ја споделат информацијата за Вашиот проект. Исто така обидете се да ги контактирате весниците, телевизиите и радио станиците бидејќи медиумите најчесто сакаат да пишуваат или информираат за нови, интересни приказни.

- Информирајте за новините поврзани со проектот

Информациите за напредокот поврзани со проектот служат како одлична маркетинг алатка за Вас. Заради тоа доколку во текот на кампањата се случат некои промени поврзани со проектот секогаш споделувајте ги со потенцијалните поддржувачи, но и со оние кои веќе Ве поддржале. Новините за напредокот се одличен начин да го споделите да ја потсетите јавноста дека Вашата кампања е сеуште во тек.

Имате успешен проект?!

Успеавте да ги соберете бараните средства? Не ги заборавајте поддржувачите благодарение на кои ќе ја реализирате Вашата идеја. Држете ја мрежата ангажирана, овозможете им да бидат секогаш во тек со реализацијата на проектот, споделете ги одлуките кои ги носите со нив и кажете им како се чувствувате кога гледате дека проектот станал реалност. Прашајте ги за нивно мислење и совет, а доколку сте во можност вклучете ги да бидат дел од проектот.

Исполнете го ветувањето

Откако ќе заврши временската рамка за Вашиот проект, круцијалниот, финален чекор е доставување на наградите кои им ги ветивте на поддржувачите. Испраќање на сите награди може да изгледа  како голем предизвик, но ако останете организирани и се забавувате додека го правите тоа, ќе го направи процесот поедноставен.

Држете ја Вашата мрежа ангажирана

Приказната за Вашиот проект не завршува со доставување на наградите до поддржувачите. Комуницирањето со нив и со јавноста може да биде една од најголемите награди во целиот процес. Поради тоа споделувајте со јавноста коментари, новини и слики од Вашиот проект — без разлика дали тоа е премиера за Вашата претстава или книга.