Политика на приватност
Политика на приватност
Оваа интернет страна е во сопственост на Summer Work and Travel Alumni Macedonia (во понатамошниот текст само „SWTA“). Оваа интернет-страна подетално ја уредува -политиката на приватност на www.letsfundit.com.mk и www.letsfundit.mk; отанатите интернет-страни кои се во сопственост и се управувани од страна на SWTA и кои воедно Ве пренасочуваат на www.letsfundit.mk и сите други под-домејни.
SWTA ја презема целосната одговорност за поседување на вашите лични информации и се обврзува со нив да раководи на професионален и чесен начин. SWTA се обврзува да ги користи Вашите лични податоци само за целите на интернет-страната и за подобрување на услугите кои ги нуди.
Со користење на услугите на www.letsfundit.mk, Вие се согласувате SWTA да ги користи Вашите лични податоци во согласност со оваа Политика на приватност.
SWTA го задржува дискреционото право да ја промени или да ја замени оваа Политика со објавување на ажурирана или на нова верзија на интернет-страната.
Вие ја имате обврска повремено да проверувате на интернет-страната дали Политиката е променета или заменета. Доколку Вие продолжите со употреба на услугите по настанатите промени или замената, се претпоставува дека Вие сте ги прифатиле промените или замената.
Овластувања во врска со податоци
SWTA го задржува правото да ги зачува и да ги обработува следните податоци:
- Лични податоци (како вашето име, email и поштенска адреса, телефонски број, пол и држава) кои Вие ги внесувате во дата-базата на SWTA со пополнување на формуларите на интернет-страната;
- Корисничко име и лозинка за најавуање на профилот;
- Податоци во врска со секакви барања и/или трансакции извршени преку услугата;
- Секоја комуникација со SWTA, која може да вклучи пријавување на проблем, проверка, коментар во врска со услугата или неjзината содржина и слично;
- Сите информации и коментари кои ги објавувате на интернет-страната; и
- IP адреси.
Користење на вашите лични податоци
SWTA се обврзува да ги користи Вашите лични податоци за:
- Да Ве идентификува кога се најавувате на Вашиот профил;
- Да ги обезбеди услугите;
- Да Ви испрати информации кои сте ги побарале или кои ги смета за корисни;
- Да Ви презентира проекти кои смета дека ќе бидат во Ваша корист;
- Да го администрира Вашиот профил;
- Да Ве контактира во врска со прашањата кои ги поставувате преку интернет-страната;
- Да ја анализира посетеноста и начинот на користење на интернет-страната за да ја подобри содржината и квалитетот на услугите; и
- Да исполни други цели со добиена претходна согласност од Вас.
Креаторот на конретен проект (во понатамошниот текст само „Креатор“) ќе добие лични податоци и email адреси од нивните поддржувачи само доколку проектот е успешно финансиран.
Креаторите на Letsfundit проект никогаш нема да добијат информации за кредитната картичка на поддржувачите.
Овластеното лице ќе го извести поддржувачот со личните податоци на Креаторот.
Eмаил
SWTA ќе воспостави контакт со Вас само доклку и Вие го сакате тоа.
Меѓу другото, SWTA Ќе Ви испрати email во врска со вашите лични трансакции и/или со услугата доколку е потребно.
Услуги обезбедувани од трети страни
SWTA нема да објавува ниту еден податок од Вашиот профил на социјалните мрежи како: Facebook, LinkedIn, Twitter, YouTube и други, без Ваша дозвола.
Освен заради обезбедување на услугите, SWTA нема да ги откртие Вашите лични податоци на трети лица.
Технологија
Со цел да го олесни и прилагоди Вашето користење на интернет-страната, SWTA зачувува cookies на Вашиот компјутер. Cookie е мал текстуален податок складиран на компјутерот на корисникот за целите за чување на информации за тој корисник, како што се интернет-страни кои сте ги посетиле и линкови кои сте ги кликнале. Кога ја посетувате интернет-страната на SWTA, серверот испраќа cookie до Вашиот компјутер што ни овозможува да го препознаеме Вашиот компјутер. Некои cookies се испратени од SWTA, а некои се испратени од страна на трети лица кои обезбедуваат услуги од страна на SWTA.
Letsfundit користи cookies додека ја користитете таа интернет-страна за да Ви го олесни користењето на услугите, да го подобри квалитетот на услугата и да го направи Вашето пребарувње позначајно.
Иако повеќето лица автоматски прифаќаат cookies, Вие можете да ги одбиете.
Забелешка:
Доколку сте одбиле или избришале cookies, некои делови од интернет-страната може да не работат правилно.
Доброволно објавување на податоци
Сите лични податоци и/или содржина кои доброволно ќе ги објавате во јавни области на интернет-страната ќе бидат достапни за другите корисници.
Резиме
SWTA го задржува правото да ги открие Вашите лични податоци, доколку тоа претставува законска обврска и/или кога SWTA верува дека откривањето е неопходно да ги заштити своите права или кога тоа е неопходно за да се усогласи со соодветниот закон.
Доколку е потребно, а согласно законската регулатива, SWTA ќе задржи одредени податоци. На Ваше барање SWTA ќе Ви достави копија од оние податоци кои ги задржале и кои ги поседуваат. Оваа услуга се наплатува и тој износ не ја надминува пропишаната законска наплата.
Лицата кои се помлади од 18 години не смеат сами да ја користат интернет-страната на Letsfundit и Политика за приватност не се однесува на нив.
Прашања
Доколку имате било какви прашања или препораки, Ве молиме контактирајте не на следната адреса: support@letsfundit.mk.