Прашања и одговори

Прашања и одговори

Општи прашања за Let’s Fund It

Како функционира Let’s Fund It?

Еве пет едноставни чекори:

1. Го објавувате Вашиот проект (без никакви трошоци)

• Опишете го проектот со зборови и визуелно;

• Поставете ја финансиската цел и временска рамка за прибирање на финансиските средства; 

• Објаснете што ќе им понудите или што ќе направите за Вашите потенцијални поддржувачи како благодарност за нивното вложување во Вашиот проект.

2. Кажете им на сите што ги познавате за проектот и користете ги социјалните мрежи како алатка за промоција 

3. Соберете средства: 

• Собирање на пари преку вложување од страна на широката јавност

• Ако ја постигнете Вашата цел, на износот плаќате 5% провизија  и банкарска провизија 

4. Започнете со проект и известувајте ги Вашите поддржувачи за тоа како се одвива реализацијата на проект

5. Дајте им ги наградите на Вашите вложувачи како што сте им ветиле 

 

Како Let’s Fund It може да им помогне на луѓето?

Луѓето може да ја користат Let’s Fund It платформата за различни цели. Покрај можноста за собирање на финансиски средства за иновативни проекти, истата може да се користи како маркетинг алатка за поддигнување на свеста кај луѓето и промовирање на етички и општествено корисни активности.

 

Зошто постои Let’s Fund It?

Тоа е нов начин на финансирање, но е поврзан со една стара идеја. Во минатите години уметниците, истражувачите и новите пронајдоци биле финансирани од одредени покровители. Денес, со помош на Let’s Fund It, може да добиете  помали или поголеми износи на финансиски средства од повеќе вложувачи, со кои ќе ја реализирате Вашата идеја.  

 

Зошто Let’s Fund It и зошто сега?

Интернетот ги поврзува луѓето од сите страни на светот. Модерното социјално вмрежување го прави нашето поврзување едноставно и бесплатно. Се повеќе луѓе преку интернет, започнуваат самостојни проекти. Со тоа се појавува нова револуција на локално ниво на независни креативци и претприемачи. Let’s Fund It е една од можностите за развивање на оваа нова економија.

 

Како да знам дали е тоа за мене?

Имате проект кој сакате да го реализирате и мислите дека тоа ќе им помогне и ќе ги поттикне другите? Но, немате доволно финансиски средства за реализирање на Вашата идеја која што сметате дека ќе биде општоприфатена и ќе им користи на многу луѓе?! Доколку Вашиот одговор е позитивен на горепоставените прашања, тогаш се наоѓате на вистинското место од каде што можете да започнете и да зачекорите понатаму кон Вашиот успех.

 

Како можам да бидам успешен?

Одредени истражувања на глобално ниво ја даваат следнава формула која произлегува од користење на crowdfunding платформите:

Проект + Вмрежување + Производ= Успех

Овие фактори утврдуваат кои проекти ќе ги постигнат своите цели. Вмрежувањето е во центарот на секој успешен проект. Оние коишто ќе ве финансираат ќе воспостават емотивна врска со Вашиот проект. Она што Вие како основачи на проектот треба да го направите е да пронајдете начин како останатите да почувствуваат дека треба да Ве поддржат. 

 

Кој се може да ја користи Let’s Fund It?

Секој граѓанин на Република Македонија. Во иднина се планира оваа платформа да се прошири и регионално, надвор од границите на РМ. Доколку Вашата идеја е во рамките на законските регулативи и може да се реализира, тогаш не постојат ограничувања за вас. 

 

Како може да се направи проценка на износот на потенцијални парични средства коишто може да ги собере Вашиот проект?

Прво, погледнете колку луѓе Вие познавате (лично и преку социјалните медиуми) и обидете се да ја процените бројката на луѓето коишто би Ве поддржале. Потоа, бројката помножете ја со износот што мислите дека може да го соберете од секој од нив (можете да го користите минималниот влог кој изнесува 100 МКД). Така ќе може да пресметате колку би добиле од Вашата мрежа на контакти. Ова е добра основа за почеток, но треба да се фокусирате на вкупниот износ на финасиски средства кои Ви се потребни и да превземете чекори со кои преку Вашата иновативност ќе допрете до потенцијалните поддржувачи на Вашиот проект. 

 

Кoлкави се трошоците?

Доколку ја постигнете посакуваната цел Вие ќе платите 5% провизија на вкупниот износ којшто сте го собрале и  провизија која ја одредува банката. 

 

Дали проектите може да соберат повеќе средства од износот кој Ви е потребен

Секако дека можат да се соберат и повеќе средства од она што Вие го барате за започнување на Вашиот проект.

 

Дали треба да живеам во Македонија за да можам да го лансирам моето видео и за да започнам со реализација на мојот проект?

Да, морате да бидете жител на Република Македонија за да можете да ги исполните основните критериуми за користење на Let’s Fund It.

 

Што може да биде понуденo како производ или услуга?

На Let’s Fund It може да понудите секаков вид на производи и услуги кои не ги нарушуваат етичките принципи и законските регулативи. 

 

Што е она што може да биде понудено како производ Let’s Fund It?

Тоа се следните категории на производи или услуги: 

• Музика

• Игри и мултимедиа

• Филм и театар

• Уметност

• Технологија

• Мода и дизајн 

• Книги и стрипови

• Start Up

• Невладини организации

 

Следните производи и услуги не се дозволени да бидат поставени и финансирани на Let's Fund It:

• Сопственички удел;

• Игри на среќа, томбола и слични игри за добивка;

• Донации за помош (пр. донации за лечење на болести).

 

Кога ќе ги добијам средствата собрани за мојот Let’s Fund It проект? 

Проектите кои успешно ќе ги соберат бараните средства, во целост, намалени за однапред договорена провизија и трошоци за банкарски трансакции, ќе ги добијат истите, веднаш по потпишување на договорот за грант помеѓу SWTA и сопственикот на проектот. 

 

Како ќе ги добијам моите средства?

Средствата ќе ги добиете на Вашата лична сметка како наменски грант. 

 

Каде се чуваат собраните средства?

Собраните средства се чуваат на безбедна, посебна сметка во банка. 

 

Како може да контактирам со тимот на Let’s Fund It?

Тимот на Let’s Fund It може да го контактирате на следниов меил: support@letsfundit.mk 

 

Дали Let’s Fund It поседува одреден процент од производот или идејата која ќе се реализира успешно?

Не. Let’s Fund It  е само линк помеѓу креаторите и поддржувачите на проектите.

 

Дали Let’s Fund It преставува инвестициона алатка?

Во суштина LFI е традиционална crowdfunding платформа, но доколку потенцијалниот поддржувач е подготвен да финансира било каква идеја во висина од повеќе од 50% од бараниот износ, тогаш тој има ексклузивно право да го контактира сопственикот на идејата за понатамошна соработка. Само доколку сопственикот на проектот се согласи со условите понудени од поддржувачот, LFI може да послужи и како инвестициона алатка. Улогата на SWTA во овие договори е единствено посредничка. Дополнително SWTA не носи никаква одговорност за исполнителноста на двете договорни страни (сопственикот на идејата и инвеститорот) 

 

Дали може да се постават повеќе проекти истовремено?

Да, но за подобри резултати би Ви препорачале да немате повеќе од еден активен проект во исто време.

 

Дали може да се подели еден голем проект во неколку помали? 

Да. Тоа може да биде многу добра идеја за проекти на кои им е потребен поголем износ на финансиски средства, за која Вие сметате дека е тешко да се добие оддеднаш. Внимавајте,  оваа опција не е соодветна за сите проекти.  

 

Зошто луѓето даваат средства за проекти? 

Вообичаено, тоа е поради емотивната приврзаност кон проектот или кон сопственикот на идејата. Меѓу другото потребата од производот на пазарот ги поттикнува луѓето да ги охрабрат младите иноватори.

  

Не користам социјални мрежи. Дали ќе можам да собирам средства?

Да. Можете да користите други алатки за комуникација бидејќи тие се најважни за да допрете до Вашата мрежа на поддржувачи. Можете да користите емаил, телефонски повици и слично. 

 

Дали користењето на Let’s Fund It значи дека немам пари за да го реализирам прокетот сам? 

Не. Let’s Fund It е нов начин на презентирање на Вашата идеја пред јавноста. Таа може да послужи како маркетинг алатка каде што  бесплатно ќе го рекламирате Вашиот производ или услуга. 

 

Луѓето коишто ги познавам не разбираат што е Let’s Fund It. Што да направам? 

Секогаш објасни што е crowdfunding и Let’s Fund It на твојата страна на проектот. Во делот опис на проектот можеш да ставиш и линк кој ќе ги води посетителите на твојот проект до Let’s Fund It катчето.

 

Што ако не можам да го реализирам мојот проект со собраните средства? 

Уште еднаш направете финансиска конструкција и доколку Ви недостасуваат малку средства, обратете се до Вашата  мрежа на познаници. Можеби Вашите поддржувачи ќе сакаат повторно да вложат во Вашиот проект или ќе се обратат до потенцијални поддржувачи.

 

 

Прашања од поддржувачите

Зошто треба да придонесам во реализирањето на еден проект?

Затоа што сметате дека проектот ќе биде корисен за нашето општество и верувате во креаторот на проектот. Ентузијастички сакате да им дадете можност на креативните умови да ја остварат својата цел.

  

Колкав износ треба да вложам?

Износот е најдобро да го одредите според Вашите можности и според средствата кои се потребни за реализација на проектот. 

 

Дали плаќам данок на износот доколку поддржам некој проект?

Доколку сте лице поединец кое вложува средства, тогаш не се плаќа данок. Но, ако сте правен ентитет тогаш се плаќа данок, а товарот паѓа на сопственикот на идејата. 

 

Дали треба да живеам во Македонија за да поддржам проект од ваков вид?

Не. 

 

На кој начин можам да вложам средства? 

Let’s Fund It ги прифаќа сите платежни картички со кои може онлајн да се плаќа во Македонија. 

 

Кога се извршува трансакцијата? 

Истиот момент кога ќе ги поддржите проектите. Собраните средствата стојат на посебна банкарска сметка, се до завршувањето на временската рамка на проектот, по која следи исплата на истите. 

 

Прашања од креаторите на проектите

Како да го објавам мојот прв проект? 

Еве шест лесни чекори: 

1. Убаво прочитајте ги упатствата во Let’s Fund It катчето.

2. Објавете го  проектот на Let’s Fund It платформата (немате никакви трошоци за тоа):  

• Опишете го проектот со зборови и визуелно. Поставете ја паричната цел и времетраењето на вложувањето;

• Објаснете ги наградите со кои ќе им се заблагодарите на поддржувачите. 

3. Кажете им на сите што ги познавате, создадете интерес за Вашиот проект.

4. Соберете ги потребните средства од секаде во светот (за собраниот износ се наплаќа 5% провизија и банкарска провизија)

5. Започнете со реализација на проектот и информирајте ги вложувачите како се одвива истиот. 

6. Искажете ја својата благодарност до поддржувачите и доставете им ги ветените награди

 

Како да знам колкав износ можам да соберам? 

Направете детална финансиска конструкција на фазите на целиот проект. Потоа, направете анализа на Вашата мрежа на познаници (социјалните мрежи и пошироко) и направете проценка колку од нив би го поддржале Вашиот проект. Потоа, дуплирајте го проценетиот број на лица со сумата која мислите дека можете да ја добиете од нив.  Можете да го употребите минималниот износ за вложување на Let’s Fund It, кој изнесува 100 денари. Со ова ќе добиете износ кој ја означува вредноста на Вашата потенцијална мрежа. Ова е одличен почеток, но сепак определете ја својата посакувана сума врз основа на тоа колку средства Ви се потребни за проектот што сакате да го реализирате.  

Споредете ја потребната сума, со проценетата можност на влогот од Вашите поддржувачи и временската рамка за собирање на целосниот износ. Ако износот којшто Ви е потребен е поголем од  предвидениот, тогаш би можеле да ја прилагодите  големината на Вашиот проект т.е. да го поделите на неколку помали проекти со финален производ и посебно да собирате средства за секој од нив. 

 

Што е најважно за да бидам сигурен дека ќе ја постигнам посакуваната сума? 

Споделувајте ја идејата за Вашиот проект со сите. Поголемиот дел од почетните вложувања ќе дојдат од Вашата мрежа на познаници. Тоа е поради една основна причина: ДОВЕРБА!  Додека се подготвувате за објавување, поделете ја својата мрежа во три групи:

Група 1 – пријатели и роднини – први придонесуваат затоа што ја имаат Вашата доверба; 

Група 2 – пријатели на пријатели и познаници – придонесуваат откако ќе се испратат  т.н. ,,сигнали на доверба” (гледаат дека други луѓе придонесуваат или разговараат за Вашиот проект); 

Група 3 – пошироката јавност – последни придонесуваат бидејќи e потребен поголем труд и време за да се стекне нивната доверба. 

 

Проектот треба да го постирам сам или можам да работам во тим?

Најчесто проектите кои се изработени во тим успеваат да соберат повеќе средства, бидејќи успеваат да се вмрежат со повеќе поддржувачи.

 

Како можам да бидам сигурен дека мојот проект ќе привлече внимание?

Преку креираното видео, пренесете ја Вашата страст за проектот. Бидете креативни и смислете интересно име за Вашата кампања. Кажете ја Вашата приказна за проектот. Бидете јасен и објаснете колку пари Ви се потребни за да го реализирате проектот и како истите ќе ги инвестирате. Луѓето кои што би го поддржале Вашиот проект, сакаат да знаат во што ќе ги вложат нивните пари. 

 

Како да смислам добро име за мојот проект? 

Помеѓу сите проекти постирани на Let’s Fund It платформата, прв чекор за да го привлечете вниманието на потенцијалните поддржувачи е преку името на Вашиот проект. Името на проектот треба да е во согласност со идејата, да биде едноставно, специфично и лесно да може да се запомни. Смислете име кое преку хумор ќе ги заинтригира посетителите на платформата да дознаат повеќе за Вашиот проект. Избегнувајте зборови како „поддржи”, „помогни” и „донирај”. На тој начин оставате впечаток дека ги молите луѓето да Ви направат услуга. Не заборавајте дека Вие им нудите нешто што им е потребно! 

 

Како можам да напишам добар опис на проектот? 

На описот на проектот посветете му посебно внимание. Фокусирајте се на тоа што сакате да постигнете со проектот. Не навлегувајте во детали, овој дел нека биде во неколку реченици.  Еве неколку совети кои ќе Ви помогнат при пишувањето  на описот на проектот:

• Претставете се!;

• Објаснете ја основната цел на проектот и зошто истиот вреди да се реализира и поддржи;

• Детално објаснете како парите кои ќе ги соберете преку платформата ќе бидат инвестирани; 

• Бидете уверливи, покажете страст за Вашиот проект и кажете кои се придобивките од него;

• Кратко раскажете кога и како се родила идејата за овој проект и што до сега сте направиле за да ја реализирате;

• Покажете дека Вашите поддржувачи се важни за Вас. Објаснете за наградите што секој поддржувач ќе ги добие како благодарност за нивниот придонес;

• Објаснете како Let’s Fund IT работи за да се реализираат идеите.

 

Како да знам што да им понудам на поддржувачите како благодарност?

Како ќе ја покажете Вашата благодарност на оние кои го поддржале Вашиот проект? Не заборавај дека тие се одговорни за успехот на секој проект. Смислете интересни награди кои ќе ги понудите за возврат. Пред да одлучите за наградите, разговарајте  со Вашите пријатели и со помош на бура на идеи ќе добиете одлични сугестии.  Обидете  се да размислите за Вашите очекувања доколку поддржите некој проект. Најчесто оние проекти со некреативни награди имаат проблем да најдат поддршка, односно некој да вложи во нивните проекти. Поради тоа наградите се најважен дел од секој Let’s Fund It проект. Колку повеќе време посветите на овој дел од проектот, ќе постигнете и подобри резултати. Најчесто креаторите на проектите го нудат производот или услугата која би требало да се создаде со проектот поставен на Let’s Fund It. Друга работа која тие ја прават е искажување на благодарност преку телефонски повик или некој вид на личен контакт.

Еве неколку совети кои ќе Ви помогнат да го направите правилниот избор на награди:

• Изберете награди кои се одраз на карактерот на проектот;

• Направете различни пакети на награди, во зависност од сумата со којашто поединците го поддржале Вашиот проект. На пример, на оние кои вложиле помал износ на пари пратете им благодарница со личен потпис; 

• Осигурајте  се дека наградите кои ќе ги дадете во знак на благодарност ќе имаат значење и вредност за Вашите поддржувачи;

• Најдете лесен и ефтин начин да ги доставите наградите до Вашите поддржувачи;

• Овозможете им на поддржувачите да бидат дел од Вашиот проект (пример: да се приклучат во производството, да организираат  настани и слично);

• Смислете начин преку кој со поддржувачите ќе остварите личен контакт (поканете ги на работилница или семинар кои се во Ваша организација, ручек или деловен состанок).

 

Какви награди во знак на благодарност  најчесто даваат креаторите на проекти?

Еве неколку примери:

• Рачно изработена благодарница, телефонски повик или видео повик;

• Бесплатни карти за во театар, шоу, настан, забава;

• Бесплатни производи и услуги од реализираниот проект или попусти за истите;

• Креативни сувенири (постер, блуза, магнет);

• Учество во реализацијата на проектот;

• Пракса;

• Менторство и консултации;

• Директна соработка во проектот; 

• Учество во креативниот дел на реализација на проектот (дизајнирање, брендирање, смислување на име на производите и сл.)

 

Дали треба да вклучам видео?

Креирање видео клип e задолжително и повеќе од потребно. Проектите претставени со видео имаат многу поголема веројатност да бидат финансирани. Тие го претставуваат Вашиот кредибилитет и веродостојност. Преку видеото ќе привлечете поддржувачи на динамичен начин. Доброто видео ќе им даде на гледачите причина за да останат на страната на Вашиот проект. И како најважно, преку видеото, Вашиот проект има поголема можност да стане популарен. Не заборавајте да им се обратите на посетителите и да им се заблагодарите што одвоиле време да го погледнат Вашето видео.

 

Каков тип на видео да вклучам?

Еве неколку совети:

• Бидете креативни. Не морате да имате традиционално видео. При изработка на видеото можете да користите анимација, модел на прозиводот и слично. Интересното видео ќе биде причина во текот на Вашата кампања, публиката да се врати кај Вас за свежи, динамични материјали;

• Видеото нека биде едноставно. Одлично видео може да се создаде и сними од Вашиот  паметен телефон или со помош на веб камера;

• Обратете се јасно и со голема желба и ентузијазам за развивање на проектот.

 

Дали треба да вклучам фотографии?

Да. Фотографиите даваат дополнителен поттик за комуникација преку пораката. Изберете фотографии кои најдобро ве опишуваат Вас и тоа што го правите. Исто така изберете фотографии кои ќе ги покажат Вашите производи и услуги на вистински начин.

 

Дали треба да вклучам аудио елементи?

Доколку е Вашиот проект погоден за тоа, да. Аудио елементите ќе Ви дадат дополнителен кредибилитет и ќе ја оддржуваат понатамошна комуникација со посетителите. Секако, музичкиот проект мора да има аудио елементи. 

 

Дали мојот проект треба да исполни некои критериуми за да биде прифатен?

Вашиот проект мора да биде во рамките на законот и да биде во рамките на моралните принципи.

 

Дали тимот на Let’s Fund It го разгледува проектот пред да го стави на страната?

Да, тимот на LFI го прегледува проектот пред да го одобри и објави на страната.

 

Дали можам да го сменам износот кој ми е потребен откако проектот ќе биде поставен на страната?

Не.

 

Дали можам да ја сменам временската рамка откако проектот ќе биде поставен на страната?

Не.

 

Дали можам да ги сменам наградите откако проектот ќе биде поставен на страната?

Ве охрабруваме да ги кажете наградите за Вашите поддржувачи заедно со објавувањето на проектот. Но, не ги менувајте наградите откако ќе ги поставите на страната.

 

Дали проектот може да биде променет после неговото објавување на страната?

Не, затоа што секој проект ќе биде прегледан и одобрен од тимот на LFI пред да биде објавен во јавност, а Вие ќе бидете известени да направите промени доколку е тоа потребно.

 

Дали можам да го користам логото на Let’s Fund It за промоција?

Да.

 

Како треба да пристапам на мојата кампања?

Чекор 1- Посветете се во создавање на динамична кампања.

Прикачувањето на проектот на Let’s Fund It е прв чекор. При тоа Вие сте креатори на Вашата crowdfunding кампања. Секој проект е различен. 

Чекор 2 - Пристапете до Вашите први инвеститори.

Доколку не сте го направиле тоа досега, изберете 15 до 50 луѓе од Вашата мрежа на пријатели коишто знаат што правите, знаат кој сте и Ви веруваат. Важно е да имате подготвени следбеници кои се спремни да Ви помогнат веднаш откако ќе го објавите проектот. Ова ќе и даде поттик на публиката за Вашиот кредибилитет и ќе придонесе повеќе луѓе да ги следат нивните стапки.

Чекор 3 - Заблагодарете им се на Вашите први поддржувачи и воспоставете лична комуникација.

Заблагодарете им се на Вашите поддржувачи преку Вашата страна на проектот и преку социјалните медиуми. Facebook е одлично место да кажете: „Ви благодарам Александар - со нетрпение чекам да ги испорачам Вашите награди“! На овој начин ќе ја градите довербата во Вашиот проект и ќе ja проширите Вашата мрежа. Имајте го ова на ум во текот на целата кампања и секогаш одржувајте комуникација со Вашите поддржувачи.

Чекор 4 - Проширете ја веста на социјалните мрежи.

Известете ги сите за Вашиот проект од листата на Вашата електронска пошта, Facebook, Twitter, LinkedIn и на било која друга социјална мрежа на којашто имате профил. Оваа порака треба да биде рефлексија на Вашиот карактер или бренд, но внимавајте тоа да не изгледа како барање донација или барање средства за добротворна цел. 

Чекор 5 - Не ја откривајте целосно Вашата приказна!

На дневна база оддржувајте ја Вашата проект - страна, со објави и коментари. Ова е одличен начин да ги известувате Вашите посетители  како напредува проектот. Вашиот проект е виртуелен настан кој треба цело време да се „храни”. Објавувајте ги важните промени поврзани со проектот (пр. процент на собрани средства, број на поддржувачи и сл.) 

Чекор 6 – Натерајте ги луѓето да зборуваат за вас!

Дискусијата е важна алатка! Пронајдете интересни начини Вашите следбеници повторно да се враќаат на Вашата проект - страна. Ова ќе го постигнете преку објавување на интересни награди или различни иницијативи. Вашата публика ќе го види тоа и ќе ја награди Вашата напорна работа со повторно посетување и вложување во Вашиот проект.

Чекор7 - Стапете во контакт со медиумите!

Кога Вашиот проект ќе достигне одредена точка, стапете во контакт со печатените и електронските медиумите. 

 

Повторувајте ги чекорите 3, 4, 5, 6 и 7 се до последните денови од временската рамка за поддршка на проектот.

 

Чекор 8 - Силен завршеток!

Пораките треба да бидат почести во последните денови. Продолжете да го градите успехот со чувство на итност, комбинирано со благодарност.

 

Како да изградам постојаност во мојата кампања? 

Доколку довербата е катализатор која го поткренува финансирањето, тогаш Вашата пасија кон идејата е тоа што ја гради постојаноста на проектот.

Пренесете ја пасијата и изградете емоционална поврзаност преку која ќе го претставите проектот (опис, видео, аудио елементи, слики) и ќе комуницирате со Вашите поддржувачи (електронска пошта, блогови, социјални медиуми, настани).

 

Како мојот проект да стане популарен?

Овие кампањи се често изненадувачки од нивото на емоционална побуда којашто ја предизвикуваат. Популарните кампањи се тешки за планирање. Сепак, има некои основни елементи кои проектите ги прават популарни:

• Интересно видео –  Овие видеа се тешки за продуцирање и предвидување. Доколку имате емотивно видео Вие имате подобра шанса да успеете.

• Промотори - Проект - лидерите треба да имаат способност да допрат до нови луѓе преку нивната мрежа на познаници (пр. нивните контакти стануваат промотори). 

• Јавна личност како промотор – Постигнувањето на популарност е полесно кога некоја угледна, јавна личност со широка мрежа на познаници гарантира за Вашиот проект. Доколку можете да стапите во контакт со ваква личност, верувајте дека ќе имате популарен проект.

• Квалитет  – Квалитетот на проектот никогаш не е оставен на случајност. Проект - лидерите се даваат себе си во проектот и се обидуваат да ја мобилизираат целата јавност преку нивната контакт мрежа. Секој преземен чекор треба да биде внимателно анализиран. Покажете се во најдобро светло!

 

Кој е најефикасниот начин да комуницирате со Вашите потенцијални поддржувачи?

Важно е да користите што повеќе начини за комуникација. Според деловната практика најмногу ефикасна се покажала електронската пошта. 

 

Што е најважната работа која треба да ја направам за време на мојата кампања?

Придржувајте се до Вашиот план на промоција и секојдневно присуство во јавноста. Најдете тактики за да го пребродите периодот на застој на проектот. 

 

Што е периодот на застој на кампањата на проектот?

Повеќето Let’s Fund It кампањи се во облик на U – се соочувааат со подем, период на застој и повторен подем. Тоа им се случува дури и на најдобрите. Зошто? Човековата природа е таква. На почетокот луѓето се возбудени, потоа кај некои вниманието опаѓа, а на некои им треба подолго време да се одлучат. Кога временската рамка се ближи  кон крајот, финансирањето повторно го бележи својот подемот.

Голем број на креатори на идеи се соочуваат со емоционален пад во периодот кога кампањата не ги постигнува нивните очекувања. Некои проект - лидери мислат дека нивните проекти ќе бидат многу успешни, но за жал, се соочуваат со разочарување. 

Постојаната активност и посветеност на проект - лидерите е движечка сила кон успехот. Најважната работа за Вас е да ја задржите вербата. 

Еве неколку одговори на прашањата кои најчесто си ги поставувате:

1. Како да пристапам во периодот на застој на кампањата на проектот?

Гледајте на ова како период во кој многу луѓе се двоумат дали да Ве поддржат (голема е веројатноста дека тие чекаат до крајниот момент).  Не заборавајте дека не секој од Вашата мрежа на познаници ќе биде и Ваш поддржувач. 

2. Што да правам за време на застојот на кампањата на проектот?

• Организирајте некој настан;

• Ажурирајте ги Вашите видеа и фотографии;

• Пристапете кон блогерите и медиумите заинтересирани за Вашата приказна.

 

Кога можам да ги добијам средствата кои ќе ги соберам преку мојот Let’s fund it проект?

Тимот на Let's Fund It ги процесира исплатите веднаш по завршувањето на временската рамка на проектот. Генерално, тоа трае од 3 до 5 работни дена по потпишување на договорот за грант.  

 

Како можам да ги добијам моите средства?

Вашите средства ќе Ви бидат исплатени директно на Вашата банкарска сметка која што ќе ја приложите.

 

Каде се чуваат средствата?

Средствата се чуваат на безбедна, македонска банкарска сметка.

 

Што треба да се направи кога ќе се соберат средствата?

Испорачајте ги наградите. Задржете ја Вашата мрежа ангажирана.

 

Зашто треба да ја држам мојата мрежа ангажирана?

Повеќето од Вас повторно ќе собираат средства, па задржете ги Вашите опции отворени и настапете со истиот интензитет. Одржете го Вашиот збор за доставување на наградите. 

 

Како можам да ја задржам мојата мрежа ангажирана?

• Потенцирајте ја нивната поддршка.

• Признајте и објавете дека сте ја постигнале целта.

• Објавете и потенцирајте кога ќе започнете со проектот.

• Повремено, искажувајте јавна благодарност.

• Поканете ги да продолжат на Вашето патување.

• Држете се со поддржувачите во тек со настаните.

• Користете мултимедија за да го документирате Вашиот напредок.

Повеќето проекти кои се финансиски поддржани од јавноста исто така бараат поддршка во фазата на реализација за да бидат успешни. Без разлика дали сакате да го поддржат Вашиот бренд, да ги купат Вашите производи или услуги или да присуствуваат на Вашите настани, сепак гледајте на Вашата кампања како начин да стекнете лојални клиенти порано. Задржувањето на контактите со вашата мрежа е клучот на успехот на Вашиот проект.

 

Кој е одговорен за сигурноста на испораката на наградите?

Креаторите на проектот.

 

Поставете си ги следниве прашања кои ќе Ви помогнат да ги согледате грешките кои сте ги направиле за време на вашата Let’s Fund It кампања. Не заборавајте дека сите грешат.

1. Како финкционираше тимот за време на кампањата на проектот? (доколку сте работеле во тим) 

2. Дали со мојот проект успеав да го привлечам вниманието на јавноста? 

3. Дали луѓето беа задоволни од производот/услугата која ја нудам? Дали истата има вредност за нив?

4. Дали остварив соодветна комуникација со моите поддржувачи за време на проектот?  

5. Кој начин на комуникација имаше најголем ефект?

6. Дали со мојата стратегија успеав да го привлечам вниманието за мојот проект во периодот на застој? 

7. Дали луѓето беа задоволни од наградите кои ги понудив?

8. Каква промена ќе направам за мојот следен проект?

9. Кои тактики повторно ќе ги применам за мојот следен проект?

 

 

Ажурирање на податоци

Како можам да направам промени на мојот профил на Let's Fund It?

Со ажурирање на Вашиот профил.

 

Како можам да го променам моето корисничко име/лозинка?

Со ажурирање на Вашиот профил 

 

Како можам да ја променам мојата е-маил адреса?

Со ажурирање на Вашиот профил.

 

Како можам да го избришам мојот профил или проект?

Испратете електронска пошта на support@letsfundit.mk

 

Како можам да станам волонтер во Let’s Fund It?

Испратете ја Вашата биографија и мотивационо посмо на support@letsfundit.mk. Бидете креативни!