Let's Fund It Катче
ЗА НАС
Let’s Fund It претставува прва платформа за групно вложување во Македонија која има за цел да постави нова димензија на претприемништвото. Проектот е создаден од страна на невладината организација Summer Work and Travel Alumni Macedonia (SWTA) која беше основана на 19 јануари 2013 година. Основната цел на организацијата е да ги поддржува, развива и имплементира позитивните иницијативи на учесниците на Work and Travel програмата во нашето општество.
Со овој проект SWTA учествуваше на глобалниот натпревар за иновативни идеи организиран од Alumni Engagement Innovation Funds (AEIF), а поддржан од Американскиот Стејт Депртмент, односно бирото за едукација и култура. Во конкуренција со 680 проекти од 180 земји во светот, Let’s Fund It беше еден од 53-те победници.
ШТО Е Let’s Fund It?
Let’s Fund It овозможува нетрадиционален начин на собирање на средства за финансирање на иновативни идеи. Главен поддржувач во овој концепт е широката јавност која преку вложување на мала сума на пари помага во нивната реализацијата. Основна цел е да се поттикне претприемачкиот дух на младите во Македонија и да им се овозможи пристап до финансиски средства за реализација на нивните иновативни идеи. Со ова ќе се зголеми процентот на самовработување во нашата држава, а ќе се намали стапката на невработеност помеѓу младата популација, што е еден од најголемите предизвици за Македонија денес.
Зошто би го користел/а?
Имате иновативна идеја, верувате во неа, но немате финансиски средства да ја реализирате? Знаете дека Вашата идеја ќе и се допадне на широката публика? А знаете и дека јавноста секогаш го поддржува она што е добро?!
Тогаш, Let’s Fund It e вистинското место! Оваа платформа е направена само за Вас, сè со цел Вашата идеја да биде реализирана. Во оваа работа не сте сами, тимот на Let’s Fund It е секогаш тука за Вас и ќе Ви помогне во градењето на Вашата успешна приказна. Откако проектот ќе биде објавен, со заеднички сили ќе се обидеме да ги собереме бараните средства.
Зошто? Бидејќи Вашиот успех е најважен за нас.
Како? Со објавување на проектот на оваа платформа.
Што Ви нудиме? Бесплатен пристап за собирање на средства за реализација на Вашата идеја.
Во кои области? Музика и уметност, игри и мултимедиа, филм и театар, уметност, технологија, мода и дизајн, книги и стрипови, Start Up, невладини организации, екологија
Колку тоа ќе Ве чини? Поставувањето на проектот е бесплатно. Доколку ја соберете бараната сума, на собраниот износ се наплатува банкарска провизија како и 5% провизија на износот.
Зошто се плаќа 5% провизија? Со задржаната 5% провизија од собраниот износ, Вие вложувате во развивање на оваа платформа, како и за едукација за сите оние кои ќе сакаат да постават проект на платформата во иднина. Вие успеавте, зошто да не и другите?!
Што ќе се случи доколку не ги соберете бараните средства? Вашите поддржувачи можат да одлучат да ги остават средствата кои ги вложиле, со цел Вие да ја реализирате Вашата идеја. Исто така, нивните средства можат да бидат пренасочени во друг проект по нивен избор или да им бидат вратени на нивната банкарска сметка.
Кои ќе бидат Вашите придобивки од оваа платформа? Покрај тоа што брзо и ефикасно ќе ги соберете потребните средства, Вие ќе направите и одлична промоција на Вашата идеја. Доколу се работи за бизнис, тогаш голема е веројатноста Вашите први клиенти да ги најдете токму тука.