CKOPA, Скопска приказна

CKOPA, Скопска приказна

Нашиот проект се вика СКОРА. Toa е филм во кој се работи за младата Sash и нејзиното самооткривање. Дејството се одвива во Скопје, каде таа најголемиот дел од времето го поминува кај аквадуктот каде што бара одговори на прашањата кои ја мачат. 

Зошто да нé поддржите? Има 4 главни причини:

• МАКЕДОНИЈА. Афирмација на нашата земја преку презентирање на нејзиното историско богатство.

• СОРАБОТКА. Pаботејки во интернационален тим во нашиот град се pазменува позитивно искуство и енергија;

• ОТКРИВАЊЕ на самиот себе. Наоѓање на дел од одговорите кои ги мачат младите насекаде во светот.

• ДУХ. Осветлување на женскиот дух во нејзините дилеми, сили и слабости.

Целосна информација за нашиот проект можете да ја најдете тука 

Што добиваш ТИ?

СКОРА е мал проект, гледано финансиски, но мноооогу голем ако не прашате нас. Вистина е дека немаме многу да понудиме освен сувенирчуле од Париз и/или Тексас и DVD кои ги добиваш, но исто така и има нешто плус;

• Ќе му покажеме на светот колку е кул нашето Скопје.

• Ќе го следите секој наш чекор во остварување на нашиот сон.  

• Ќе се чувствувате прекрасно знаејќи дека сте им помогнале на двајца млади артисти.

А ние ветуваме да го направиме истото за вас кога вам ќе ви биде потребно.

Помогнете ни да го покажеме Скопје во најубаво светло; да ја кажеме приказната за нашата Sash!

MISH

Смешно, нели? Порано, зборот камен опишувал дијамант. Но луѓето почнале да именуваат рубини, скапоцени камења, и денес што знаеме за дијамант, е дијамант.

Mish се свртува на другата страна и тргнува кон Sash.

MISH

Сме ги нарекувале сите дијаманти, но сега дијамант значи само дијамант а камен значи само камен. 

Mish бесчуствително ја фрла зелената пиперка во воздух…

SASH

Работите се менуваат со време.

MISH

Можеш ли да ги замислиш сите оние работи кои ги кажуваме без да знаеме што значат, или што значеле порано?

Mish седнува и се приближува многу близу до Sash.

SASH

   Ние сме премногу млади во еден премногу стар свет.

MISH

Каменот бил кул порано. Имал вредност. Сега е само камен. 

SASH

Не мислам дека е само камен. Мислам дека е многу повеќе.

MISH

Да, ни јас.

Sash и нејзината пријателка Mish се врткаат околу аквадуктот во Скопје, зборуваат за етимологијата на зборовите, како се создаваат, и што значеле некогаш и што значат сега.. Тие ја замислуваат оваа еволуција како аналогија за животот.

scena1

Witt е во потрага по скриени богатства небрежно фрлени наоколу. Тој наоѓа лопата, износена вратоврска, и двоглед. Тој ја прикачува вратоврската и е спремен за неговата следна цел…

scena2

Екстракти од првата сцена:

scena3

Ова не е љубовна приказна. Ова ќе биде еден од ретките филмови и приказни каде имаме две млади девојки кои разговараат за нешто друго освен момчиња.

Долго да живеат инди филмовите!

 

Ризици и предизвици

Се среќаваме со ризици и предизвици секој ден. Како да успееме да снимиме се во 3 дена ќе е еден од поголемите, како да средиме се што треба да средиме кога не живееме таму не е лесно. Но, успеваме. Се снаоѓаме. Спремни сме за неочекувани предизвици кои ќе ни дадат искуство, а и дополнително задоволство кога ќе го завршиме нашиот проект.

4

вложувачи

2.500,00 ден.

собрани од планирани 59.999,00 ден.

Затворен

Sash македонка, открива со нејзината пријателка, Mish, важноста на што е животот и која е идејата зад него, дури и ако тоа значи да се соочи со траен страв на празни одговори. Таа ги поминува нејзиниоте денови чекајки по напуштени места во Скопје за одговорите што доаѓаат.

Период за вложување 17.05.2014 - 16.07.2014 (60 денови)
Пакети и награди

249,00 ден.

0 вложувачи

~ ROCK ~

Добиваш "ROCK ON" на твојата омилена социјална мрежа, за да светот види дека поштуваш кул проекти !

499,00 ден.

0 вложувачи

~TIN BIN ~

Добиваш линк од СКОРА како и "ROCK ON". Исто така, рандом избрани 75% од вас, добиваат подароче од Париз.

999,00 ден.

0 вложувачи

~ BINOCULARS ~

Добиваш DVD со целиот наш процес на комплетирање на СКОРА, плус сé веќе спомнато. Побрзај, местата се ограничени :)

1.999,00 ден.

1 вложувачи

~ JEWELS ~

Добиваш искрена благодарност, DVD од СКОРА и го наоѓаш своето име во кредити. Побрзај, местата се ограничени :)

2.999,00 ден.

0 вложувачи

~ SHOVEL ~

Добиваш DVD од СКОРА, го наоѓаш своето име во кредити и добиваш мало подароче од наш Париз. Кул, зарем не?

5.999,00 ден.

0 вложувачи

~ GREEN BELL PEPPER ~

Ќе добиеш со љубов напишано писмо од Кристина и James, како и големо добредојде на фестивалот каде што СКОРА ќе се прикажува и е блиску до тебе.

12.999,00 ден.

0 вложувачи

~ CROSS ~

Како благодарам, ќе бидеш во кредитите, како извршен продуцент и сé предходно споменето.

49.999,00 ден.

0 вложувачи

~ SPHAGETTI MONSTER ~

Може да не веруваш во него но ние веруваме во тебе! Доколку ја избереш оваа категорија, ние ќе ти обезбедиме 5 дневен престој во нашиот Париз. Превоз, сместување и премиера на СКОРА во еден од фестивалите. Интересно, зар не?

9.999,00 ден.

0 вложувачи

Компанија пакет 1:

-Едно големо и искрено благодарам од нас

- Вашето лого во кредити

- Ќе го проширите вашиот бизнис на интрнационално ниво

- Кога ќе го завршиме нашиот филм и ќе го пратиме по интернационални фестивали, многу нови клиенти и компании ќе чујат за вас

- Ќе помогнете на млади уметници на кои им е потребна помош

19.999,00 ден.

0 вложувачи

Компанија пакет 2:

- Едно големо и искрено благодарам од нас

- Вашето лого во кредити

- Еден од Вашите продукти во една од нашите сцени

- Ќе го проширите вашиот бизнис на интрнационално ниво

- Kога ќе го завршиме нашиот филм и ќе го пратиме по интернационални фестивали, многу нови клиенти и компании ќе чујат за вас

- Ќе помогнете на млади уметници на кои им е потребна помош

29.999,00 ден.

0 вложувачи

Компанија пакет 3:

- Едно големо и искрено благодарам од нас

- Вашето лого во кредити

- Еден од Вашите продукти во една од нашите сцени

- Ќе бидете спомнати во нашите идни интервјуа како наши спонзори

- Ќе го проширите вашиот бизнис на интрнационално ниво

- Kога ќе го завршиме нашиот филм и ќе го пратиме по интернационални фестивали, многу нови клиенти и компании ќе чујат за вас

- Ќе помогнете на млади уметници на кои им е потребна помош

35.999,00 ден.

0 вложувачи

Компанија пакет 4:

- Едно големо и искрено благодарам од нас

- Вашето лого во кредити

- Еден од Вашите продукти во една од нашите сцени

- Ќе бидете спомнати во нашите идни интервјуа како наши спонзори

- Освен вашето лого во кредити, ќе го има вашето име како наш извршен продуцент

- Ќе го проширите вашиот бизнис на интрнационално ниво

- Kога ќе го завршиме нашиот филм и ќе го пратиме по интернационални фестивали, многу нови клиенти и компании ќе чујат за вас;

49.999,00 ден.

0 вложувачи

Компанија пакет 5:

Со овој пакет добивате се горенаведено како и вид на рекламирање по ваша желба

quote
Проект на Кристина Илиевска Скопје
Категорија · Филм и Театар Креиран на · 14.05.2014 Средства · 59.999,00 ден.