Човекот после Мостот

Човекот после Мостот

Си беше еднаш.. Не, почетокот не може да биде ваков. Поготово кога она што следува подолу е вистински историски настан.

Јас сум Блаже Аризанов, и имам една приказна за Вас која ретко кој од Вашите дедовци би ја знаел.. Пред околу 2.300 години пред новата ера, млад и храбар крал по име Александар пристигна во рамнините на Пунџаб во денешна Индија со несовладлива жед да ја стави светата земја под своите нозе. Историјата поседува пристојна документираност околу настаните и битките кои следеа на бреговите на реката Хидаспес. Други приказни и митови понатаму се наталожија на основната приказна, некои реални а некои за да да го потпомогнат раскажувачкиот процес од татко кон син кон внук. Една таков настан за која историјата нема многу белези е онаа за Александар Македонски и Мудрецот која што е претпоставено дека се има случено во 326 п.н.е кога Александар пристигна во Пунџаб.

„... Додека уживаше во кратката пауза и влажниот воздух после жестоката кампања против махараџа Порус, Македонскиот крал беше соочен со следната глетка... Целосно гол човек седеше во лотус позиција со исправен грб, неподвижен, како да ја консумираше сопствената великост. Александар му се приближи и притоа двата стапија во еден неверојатен разговор околу филозофија. Две различни стојалишта беа дискутирани. Се вели дека дури и ветерот престана да дува а и Мајката земја се наклони поблизу да го слушне неверојатниот разговор. На крај Александар беше толку импресиониран од мудрецот што реши да го покани во неговиот кралски дворец како учител, понуда која Мудрецот веднаш ја одби...„

Толку! Историјата не дава повеќе детали. Јас лично не верувам во тоа. Всушност уверен сум дека во текот на таа кратка средба се случи еден од најголемите преноси на знаење, таков кој истотака вклучи вон-телесно искуство за Александар при што мудрецот го зема Александар и го носи на духовен аџилак низ цела Индија додека му раскажува приказни и знаење кое што ќе го промени од корен. Всушниот новиот Александар беше толку импресиониран од наравоученијата на гуруто што инстантно изгуби било каков интерес за идни воени походи со цел да се врати во Пела, да го документира знаењето кое го стекна, и во суштина да лансира ново филозофско движење.

Замислете да она знаење стигна во Европа!? Замислите крвавите крстоносни војни воопшто да не мораа да се случат? Замислете Исус да не мораше да биде распнат? Александар ќе можеше да претопи две дијаметрално спротивни филозофски правци во еден кој би понудил сеопфатни одговори на назначајните прашања околу постоењето и целта на човековиот живот за секој слој на граѓани– филозофот, трговецот, воинот и слугата. Ова ќе биде целта на мојот проект – Книгата именувана Човекот после Мостот“.

Почетокот и крајот на моето Индиско искуство и авантура која ќе ги сумира сите лекции и учења коишто ги стекнав од Духовна Индија. Преку неа ќе се обидам да претопам Ориентални идеи во македонскиот метод на размислување и да се произнесам со еден нов систем којшто ќе вдахови нова животна искра кај нашата младина и преку неа во останатите сфери во нашата земја. Главниот лик ќе биде секако Александар Македонски а книгата ќе го образложува процесот на трансформација, неговите внатрешни конфликти и дијалози со мудреците кои ги сретнува за време на вон-телесниот аџилак на кој го носи Мудрецот.

За да го довршам мојот ракопис, потребен е уште еден финален дел. Чувствувам дека моето пишување и сознанија нема да бидат комплетни без посета на Тибет од каде што протекуваат добар дел од Индиските спиритуалистички бранови. Токму овде ми е потребна Вашата поддршка, пријатели Македонци. За да го овозможам моето патување до Тибет преку Непал, потребно ми е да соберам минимум 60.000 МКД кое што ќе ги покрие патните животните и административните трошоци во Тибет за време на 20-дневниот период. Местата кои планирам да ги посетам во Тибет се светата планина Каилаш и езерото Манасаровар, едно од највисоките и најчистите езера во светот. Токму таму започна приказната за еден од трите главни Индиски богови Шива, чијашто приказна по секоја цена мора да ја донесам на наше тло. „Човекот после Мостот ќе ги акумулира во себе најпрекрасните и најисполнителните вибрации од тоа патување поредок и ќе ги преведе во практични концепти кои ќе адресираат најразлични области од нашиот систем – бизнис, политика, филозофија, социјално уредување и многу многу повеќе. Истата ќе биде мојата приказна на трансформација, од деновите кога бев наполно изгубен во темнина до денот кога пронајдов нешто кое ми даде одговори на многу прашања.

„Човекот после Мостот“... Ајде да ја за завршиме. Заедно!

Ризици и предизвици

Административни ризици околку добивање двојна дозвола за моето истражувачко патување до тибет (Од Тибет и од Кина).. Истиот ќе биде ублажен преку средена и предвремена апликација

22

вложувачи

79.650,00 ден.

собрани од планирани 60.000,00 ден.

Затворен

Приказна која откако ќе ја прочитате, ќе се запрашате зошто и беше потребно толку време да се врати онаму кадешто припаѓа. Дома!

Период за вложување 07.05.2014 - 25.05.2014 (18 денови)
Пакети и награди

350,00 ден.

3 вложувачи Уникатна фотографија од Тибет со дигитален потпис наменета само за тебе

1.000,00 ден.

1 вложувачи - 24 од 25 останати - Внимателно селектирана фотографија направена во Тибет ќе ти биде испратена преку пошта со уникатна Тибетантска мантра за благосостојба напишана на заедната страна - Едно бесплатно поглавје од Човекот после Мостот ќе ти биде доставено преку емаил

3.500,00 ден.

1 вложувачи - 9 од 10 останати Уникатно неколку минутно видео кадешто јас лично ти се заблагодарувам од Тибет и Хималаите ќе ти биде испратено преку емаил - Две бесплатни поглавја од Човекот после Мостот ќе ти бидат испратени преку емаил - Прекрасен сувенир од Тибет ќе ти биде испратен на твојата домашна адреса

7.000,00 ден.

0 вложувачи - 5 од 5 останати Уникатен подарок од Тибет ќе ти биде испратен на твојата домашна адреса - Албум со колекција од селектирани фотографии од Тибет кои нема да бидат објавени никаде на друго место ќе ти биде испратен на твојата домашна адреса - Бесплатен примерок од Човекот после Мостот со посвета ќе ти биде испратен на домашната адреса за време на објавата на книгата
quote
Проект на Човекот после Мостот Струмица
Категорија · Книги и стрипови Креиран на · 07.05.2014 Средства · 60.000,00 ден.