„Драма“ во АВТОБУС

„Драма“ во АВТОБУС

Дали се возите во градски автобус? Не, не..не е ова поврзано со пензионерите :) 

Дали би сакале да се возите во градски автобус и истовремено да уживате? Не, не...нема да ви биде топло, возачот ќе вози добро, нема да стоите.

Перформанс во автобус, со 17 актери, перформанс кој ќе ви овозможи да чуете и видите приказни од нашиот град.

Последниве неколку месеци активно се возам во нашиве градски автобуси и можам да ви кажам дека сум сведок на стотици среќни моменти, тажни моменти, љубоморни сцени, неплатени сметки, договорени пијанки, состаноци со љубовници и љубовџики, плавуши, црнки, палави средношколци, добро воспитани основци, и гужва од пензионери. Кој нервозен, кој среќен, кој плаче, кој се крие без купен билет, умор...умор...умор... Во овој театарски перформанс сите ќе бидеме патници. И публиката и актерите. Ќе тргнеме од себе и ќе раскажеме случки, приказни, реални моменти кои едноставно ќе не натераат во еден момент да се препознаеме, во друг насмееме, натажиме. Публиката ќе биде сведок за тоа што секој ден се случува додека се возиме во автобус.

Ова ќе биде атрактивен перформанс за Скопје и освежување за алтернативниот театар кој допрва доаѓа. Ова не е тема која не засега само нас. Ова го има во сите автобуси, во сите трамваи, сите метроа. Една општествено ангажирана тема со млади актери кои допрва треба да го градат вкусот и духот на театарот.

Со нашата неуморна енергија и страст за работа, едноствано сакаме да ви прикажеме нешто во кое само и единствено ќе уживате во неколку круга низ нашиот град :) За да се оствари овој проект потребни се финансии кои ќе овозможат барем 5 изведби за почеток. Финансиите вклучуваат изнајмување на автобусот и минимални хонорари за вложениот труд на актерите како и потребни материјали за претставата. Ова вклучува рекламен материјал (постери, програмчиња и билети), како и средства за костим и потребни реквизити.

Ве чекаме на возење низ Скопје!

Ризици и предизвици

Ризикот на овој театарски перформанс е актерите да не ми се појават на проба, без нивната мотивација :) Мотивацијата е неизбежна и неа мора да ја има! И јас и 17 актери во старт влегуваме во ризик дека правиме нешто што до сега го немало во нашиот град. Но сме сигурни дека овој ризик за нас е истовремено и голем предизвик да се оствари нешто што ќе и овозможи на театарската публика кај нас да види и доживее една нова театарска естетика која е веќе силно развиена и завзема став во Европските градови.

43

вложувачи

45.900,00 ден.

собрани од планирани 40.000,00 ден.

Затворен

Алтернативен театарски перформанс во градски автобус.

Период за вложување 24.04.2014 - 19.05.2014 (25 денови)
Пакети и награди

300,00 ден.

3 вложувачи - 17 од 20 останати 1 влезница за перформансот и благодарница лично потпишана од авторот

500,00 ден.

5 вложувачи - 15 од 20 останати 1 влезница за перформансот и Вашето име ќе биде испечатено на официјалната програма на перформансот

1.000,00 ден.

2 вложувачи - 8 од 10 останати 1 влезница за перформансот со можност сами да го изберете Вашето место во автобусот и благодарница потпишана лично од авторот

1.200,00 ден.

1 вложувачи - 4 од 5 останати 1 влезница за перформансот и Вашето име ќе биде споменато за време на перформансот

3.000,00 ден.

3 вложувачи Вашата компанија ќе биде генерален покровител на перформансот (Вашето лого ќе биде поставено на сите промотивни материјали; Ваш постер ќе биде поставен во автобусот)
quote
Проект на Tea Begovska Скопје
Категорија · Филм и Театар Креиран на · 24.04.2014 Средства · 40.000,00 ден.