Domino the Effect

Domino the Effect

Замислете си порачувате пица од 250 денари и со тоа на кутијата ви стига бесплате купон за аеробик, 15 % попуст во бутик, 10 % попуст на мобилни итн.... 

Одредени таргет групи многу повеќе порачуваат брза храна отколку што гледаат телевизија или пак слушаат радио, затоа ние ја најдовме потребата материјалите за доставување да бидат искористени како простор за промоција. Преку овој начин на рекламирање многу поефективно може да се дојде до одредени таргет групи. Рекламните понуди кои моментано постојат на пазарот можат да помогнат во рекламните процеси на крупните “ѕверки“, но тие се беспомошни без силината на големиот буџет вклучен во нив.

Звучи забавно нели? Domino the Еffect претставува бизнис од кој бенефит ќе имаат сите вклучени страни во процесот на достава.

   * Компаниите кои ќе бидат заинтересирани да се рекламираат, на располагање ќе имаат начин на промоција со кој ќе можат дирекно да ја испратат својата порака до домовите на своите таргет групи;

   * Купувачите пак покрај пица ќе добијат и многу други понуди кои ќе овозможат заштеда на нивниот буџет;

   * Конечно, рестораните, пицериите и сите компании кои користат материјали за достава, ќе ги намалат трошоците за печатење на пакувањата.

Средства кои ги барам од Вас ќе бидат искористени за: исплата на првите кутии за пица и промоција на целиот проект.

Ви благодарам на поддршката 

Ризици и предизвици

Ризик секогаш постоел и ќе постои, но ако не ризикуваме животот ќе биде многу празен, а ние пак нема да се чуствуваме исполнето. Ризикот во овој случај претсавува бројот на компании кои ќе бидат спремни да бидат пионери во користењето на овој нетрадиционале начин на промоција и нивната перцепција за бенефитот кои ние им го нудиме. Наш основен предизвик ни претставува желбата да ја преплавиме целата држава со вакви промо материјали :)

25

вложувачи

33.600,00 ден.

собрани од планирани 32.000,00 ден.

Затворен

Рекламирање на материјалите за достава.

Период за вложување 25.02.2014 - 17.03.2014 (20 денови)
Пакети и награди

150,00 ден.

2 вложувачи Онлајн благодарници од Domino the Effect доставена на вашиот емаил.

300,00 ден.

2 вложувачи Благодарница од Domino the Effect доставена до вашата лична адреса.

500,00 ден.

4 вложувачи Благодарница од Domino the Effect доставена до вашата лична адреса и купон за бесплатно кафе во Red Caffe.

1.000,00 ден.

0 вложувачи Благодарница од Domino the Effect доставена до вашата лична адреса и купон за бесплатна мала пица во Red Caffe.

2.000,00 ден.

2 вложувачи Благодарница од Domino the Effect доставена до вашата лична адреса и купон за бесплатна голема пица во Red Caffe.

3.500,00 ден.

1 вложувачи Благодарница од Domino the Effect доставена до вашата лична адреса и купон за бесплатна голема пица и пијалок во Red Caffe

6.000,00 ден.

1 вложувачи Ви честитаме тукушто добивте едномесечен бесплатен рекламен простор на кутиите за пица на Red Caffe.
quote
Проект на Maja ilievska Скопје
Категорија · Start Up Креиран на · 24.02.2014 Средства · 32.000,00 ден.