Скопје Стрит Фестивал - Масовно Урбано Будење!

Скопје Стрит Фестивал - Масовно Урбано Будење!

Скопје Стрит Фестивал е првиот отворен урбан и масовен настан за младите во Македонија. Повеќе од 8.000 граѓани на Скопје и пошироко, минатата година, на 07-08 Јуни, 2013-та година во Градскиот Парк, аплаудираа пред концептот и идеата, уживаа во настанот и во еден поразличен ден во паркот. Скопје Стрит Фестивал креира урбана платформа за градење на улична култура преку креативно и урбано изразување на младите на Скопје и пошироко.

Преку промовирање на македонски музички артисти, како и вклучување на македонски промотери за урбано живеење, ќе се гради улична култура и ќе се работи на етаблирање и мотивирање на младите преку музика и креативно изразување да допринесат за урбани стратегии за поубаво живеење. На Скопје му е потребно едно масовно урбано будење. За таа цел невладината организација Подиум Скопјего креираше Скопје Стрит Фестивал кој трае два дена, во Градскиот Парк во Скопје, оваа година на 06 и 07 Јуни 2014 година.

Градење на улична култура е мотивот, будење на маалските урбани активности е процесот. Фестивалот е поделен на две категории од отворена едукација до анимација на младите, вклучувајќи интерактивна програма од работилници до концерти. Без карти, со огромна поддршка од сите негови учесници и пријатели како активни реализатори и креатори на приказната. Проектот Скопје Стрит Фестивал се базира на долгорочна стратегија и ќе се развива и надградува според потребите, трендовите и можностите во општеството. Фестивалот има за цел да прерасне во интернационален настан кој ќе ги поврзува младите во Македонија, а ќе достигне и ранк на Европски фестивал.

Преку фестивалот во иднина ќе се отворат можности за квартални активности кои ќе дејствуваат во насока на градење на урбани стратегии за креативен развој на младите на Скопје. На пример, на една од работилниците на фестивалот ќе говори за графитите како уметност, а не како вандализам, ќе се презентира случајот на Берлин како меката на графити уметностa во Европа, ќе се зборува за легални ѕидови, а не нагрдување на свежи фасади, за развојот на маалските музички бендови и креирањето на современата македонска музика. Младите ќе имаат свој простор за скејт, бајк и блејд на специјално поставени платформи.

Налик на големи европски метрополи, Скопје заслужува да биде центарот на Балканот од кој ќе се стартува ова улично креирање и меѓусебно збратимување помеѓу останатите Балкански метрополи. Оваа година фестивалот се надградува со уште два урбани подиуми: стрит бол и денс подиум. На Скопје тоа му е потребно. За младите, за Скопје.

Придружетени се и вложете за младите, за урбаното секојдневие, за настанот кој ќе го направи Скопје уште поубаво!

Ризици и предизвици

По организацијата на претхдониот Скопје Стрит Фестивал, сфативме дека единствен ризик се самите млади на Скопје, нивната неактивност и индиферентност кон важни општестевни теми: волонтеризам, социјална и улична одговорност. Со организацијата на Скопје Стрит Фестивал 2013, сфативме дека најголемиот предизвик е да се разбудат младите и да бидат поурбано и социјално свесни и активни. Со многу малку, успеавме да разбудиме многумина, Оваа година, Скопје Стрит Фестивал ќе разбуди уште многу повеќе.

31

вложувачи

7.300,00 ден.

собрани од планирани 200.000,00 ден.

Затворен

Масовно урбано будење и градење на улична култура, за Скопје!

Период за вложување 07.04.2014 - 06.06.2014 (60 денови)
Пакети и награди

200,00 ден.

1 вложувачи Признание за урбан лик, ССФ, 2014

400,00 ден.

1 вложувачи Беџ од фестивалот

900,00 ден.

1 вложувачи Маица од фестивалот

1.100,00 ден.

2 вложувачи Маица и капче од фестивалот + признание за урбан лик, ССФ 2014

4.000,00 ден.

0 вложувачи Компании пакет1: Признание за урбана компанија, ССФ, 2014

8.000,00 ден.

0 вложувачи Компании пакет 2: Лого на веб страна

10.000,00 ден.

0 вложувачи Компании пакет 3: Лого на социјални медиуми

15.000,00 ден.

0 вложувачи Компании пакет 4: Лого на сите печатени промотивни материјали
quote
Проект на Skopje Street Festival Скопје
Категорија · Настани Креиран на · 01.02.2014 Средства · 200.000,00 ден.