Означи го Водно!

Означи го Водно!

YANA (You are not alone) е иницијатива формирана од SWTA Македонија и Младинскиот совет при Американската Амбасада во Скопје која има за цел да го поттикне волонтеризмот во Македонија, но и да поттикнува придонес кон општеството во кое живееме. За таа цел, на 14ти септември, YANA ќе го одбележи 9/11 денот на сеќавање и служба.

Зашто ни се потребни парични средтсва за овој проект?

Планината Водно е една од најинтересните и најпосетуваните места за жителите на градот Скопје, но и за други посетители од Македонија. Многу луѓе секојдневно планинараат или се рекреираат низ падините на оваа планина, но за жал дел од патеките не се означени иако тоа е повеќе од потребо за сите нас. За да се реши овој проблем, YANA ја спроведува оваа кампања за да собере парични средства со кои ќе се купат потребните материјали за означување на патеката од населба Пржино до Милениумскиот Крст преку Марково Крувче. Исто така на овој начин ќе се вклучат многу луѓе во оваа акција која ќе придонесе за нашето општество да биде поубаво место за живеење. Во целиот проект се вклучува Федерација на планинарски спортови и Град Скопје кои ќе ни ги обезбедат потребните дозволи за овој проект и целосната подршка во спроведувањето на акцијата.

Што ако ја надминеме целта од 30.000 мкд?

Доколку се соберат повеќе средства од предвидените, ќе означиме уште една патека на Водно. Патеките од Милениумскиот крст до Матка ќе биде следни за означување доколку собереме 60.000 мкд Бидете кул и придонесете за заедницата. Заедно со вас да направиме нашето општество да биде поубаво место за живеење.

Изберете некоја од наградите и поддржете ја оваа иницијатива.

Ви благодариме.

Ризици и предизвици

Кај нас ризици нема, ризикот е ваш. Доколку не се реализира оваа акција, поголема е веројатноста да се изгубите на Водно. Најголем предизвик за оваа кампања е таа да стигне до што е можно поголем број на луѓе.

12

вложувачи

6.250,00 ден.

собрани од планирани 30.000,00 ден.

Затворен

На 14ти септември заедно да го означиме Водно!

Период за вложување 19.08.2014 - 11.09.2014 (23 денови)
Пакети и награди

200,00 ден.

5 вложувачи

Благодарница испратена на вашата електронска адреса

500,00 ден.

2 вложувачи

Бидон со YANA ознака

900,00 ден.

1 вложувачи

Термос за чај со YANA ознака

1.200,00 ден.

2 вложувачи

Планинарски стап

1.500,00 ден.

0 вложувачи

Маичка YANA

2.000,00 ден.

0 вложувачи

Планинарска вреќа за спиење

2.500,00 ден.

0 вложувачи

DVD видео од патеките пред и по означувањето, маичка YANA и благодарница испратена на вашата електронска адреса

3.000,00 ден.

0 вложувачи

Вашето име ќе биде изгравирано на некои од патоказите по ваш избор

5.000,00 ден.

0 вложувачи

Ваша лична интересна приказна/случка ќе биде поставена и изгравирана до некој од патоказите, по ваш избор. 

10.000,00 ден.

0 вложувачи

Спонзорски пакет: за компании (името на компанијата ќе биде изгравирано на дел од патоказите)

quote
Проект на YANA Скопје
Категорија · Настани Креиран на · 19.08.2014 Средства · 30.000,00 ден.