ФФФ пролетни онлајн миграции (21-31 мај)

ФФФ пролетни онлајн миграции (21-31 мај)

Креативна и отворена, тоа е она што лежи во самото срце на културата. Токму затоа Филозофскиот Филмски Фестивал се обидува веќе два месеци, и покрај сите пречки во едно вакво време полно предизвици, оваа пролет да донесе еден дел од работата на бројни талентирани режисери, истражувачи и уметници во Скопје. За жал, голем дел од институционалната поддршка на филмските фестивали во нашата земја беше суспендирана на неодредено време, па и покрај сите алтернативи што ги понудивме, 10. роденденско издание, сега, на начинот на кој го знаеме, за жал нема да биде возможно оваа пролет.

Филмот отсекогаш нè инспирирал, нè придвижувал, нè водел подалеку, ни помагал да отвораме нови хоризонти, да растеме, да размислуваме слободно, да видиме светови кои не сме ни знаеле дека постојат (или сме знаеле многу малку за нив), нè правел да сонуваме, да (со)чувствуваме, но и да препознаваме перспективи гледајќи гo светот низ онолку гледни точки колку што има и очи кои гледаат во него... И токму затоа се боревме за него и се уште се бориме, а ова е еден од последните обиди да се сподели дел од годинешната програма со вас, пред неизвесноста на остатокот во оваа година, со организирање на ФФФ ПРОЛЕТНИТЕ ОНЛАЈН МИГРАЦИИ и достапност на нашата програма за што поголем број сограѓани бесплатно, како и пружање скромна поддршка на режисерите и нивната работа преку нашиот фестивал.

Голем број на културни манифестации низ целиот свет се адаптираа на кризните околности поткрепувајќи го животот преку културата во домашна изолација и давајќи му една перспектива за светот потоа. Повеќе филмски фестивали, во исклучително краток временски период, успеаја да пронајдат или да креираат алтернативни форми и решенија да ги споделат своите програми во виртуелните кино сали овозможувајќи, и за време на ковид кризата, одржување на континуитетот на културниот и социјалниот живот на нашите заедници, обезбедувајќи пристап до културата и покрај отежнатата економска состојба на голем број луѓе и покажувајќи ги виталноста, значењето, но и одговорноста на културата (вклучително и независната културна сцена на која му припаѓа Филозофскиот Филмски Фестивал) и во едно вакво време.

Ако си во можност да ни помогнеш, тоа можеш да го сториш тука и секој твој придонес ни е драгоцен!

Сумата која ни е потребна е за покривање на основните трошоци за филмовите, наградите за режисерите, како и онлајн платформата која ќе ја користиме, а сето останато го правиме со ентузијазам и со огромна љубов кон седмата уметност како и многу пати досега. Сакаме да им дадеме шанса на овие филмови да бидат видени, да ви понудиме нешто поинакво во овој период на изолација (бесплатно и за оние што инаку не би можеле да си го допуштат сега) и со наградите да ги поттикнеме режисерите да продолжат да творат и да ни отвораат нови хоризонти на големото платно.

Доколку ја исполниме или надминеме целта на акцијата, дел од сумата ќе ја донираме на хуманитарни акции кои помагаат во ковид кризата. Трите начини на кои можеш да ни помогнеш се следните:

1) Ако можеш (и колку можеш), поддржи ја оваа акција, а од десната страна избери си ја наградата што ти се допаѓа. Секоја твоја поддршка и помош ни е драгоцена!

2) Доколку не си во можност да донираш, можеби можеш да ја споделиш акцијата преку твојата социјална мрежа и можеби некој друг ќе може да ни помогне. и, секако, без оглед на тоа што ќе одбереш:

3) Придружи ни се на фестивалот од 21-31 мај и сподели ја љубовта кон филмот со твоите пријатели и семејството!

Ако има некоја индивидуа или компанија која би сакала да даде поголема донација (или да спонзорира награди за победничките филмови), ќе ни биде мило да ви понудиме можност за /генерално/ спонзорство или да станете патрон или „мецена“ на ФФФ ПРОЛЕТНИТЕ ОНЛАЈН МИГРАЦИИ и да помогнете во оваа солидарна културна акција.

За повеќе информации контактирајте нe директно на: contact@philosophicalfilmfestival.mk Ако ви се допаѓа нашиот фестивал, a можете и сакате да придонесете, сите средства што ќе ги собереме ќе бидат вложени да овозможиме што поголем број луѓе да го остварат своето право на култура и оваа пролет, нудејќи ја програмата на онлајн изданието бесплатно (во рамките на капацитетот на нашите виртуелни кино сали) и достапна од кој било дел од Македонија.

ИДЕИ, СВЕТОВИ, тоа е максимата на годинешното 10. и роденденско издание на ФФФ и веруваме дека филозофијата и филмот, токму преку креативност и солидарност, можат да ни помогнат да замислиме еден подобар и поубав свет за сите.

Чувајте се и останете во добро здравје, ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА СИТЕ И ЗА СЕКОЈА ПОДДРШКА и се надеваме дека наскоро ќе се видиме во нашата омилена Кинотека!

Тимот на Филозофски Филмски Фестивал

Ризици и предизвици

Водењето независна културна иницијатива е секогаш полно со предизвици, а оваа година уште повеќе, за секој проект од областа на културата кој по дефиниција е и културен и социјален настан што привлекува поголема група на луѓе. Во 2020 нашиот најголем предизвик ќе биде како да го одржиме фестивалот како независна културна иницијатива и како да го споделиме со вас продолжувајќи ја и поддршката на режисерите и можните светови кои ги споделуваат на/преку големото платно со нас. Доколку не најдеме минимум средства кои ни се потребни за реализирање на оваа солидарна културна акција, ќе биде доведено во прашање тоа колку содржини и колку широко ќе можеме да ги споделиме, а покрај тоа, во овој момент, неизвесно е и одржувањето на остатокот од фестивалската програма подоцна оваа година со бројни квалитетни филмови и гости кои требаа да дојдат во земјата. Токму затоа бараме луѓе, слични по дух, кои ги сакаат филмот и филозофијата, и кои ќе можат да ни помогнат да ги реализираме ФФФ ПРОЛЕТНИТЕ ОНЛАЈН МИГРАЦИИ и да ги споделиме со што поголем број на луѓе во нашата земја.

14

вложувачи

12.700,00 ден.

собрани од планирани 90.000,00 ден.

Затворен

Во еден „храбар нов свет“, потребни се и креативни и алтернативни модели за да се одвива културата. ФФФ ПРОЛЕТНИТЕ ОНЛАЈН МИГРАЦИИ претставува солидарна културна акција на Филозофскиот Филмски Фестивал (со дел од годинешната фестивалска програма од 21-31 мај), бесплатно за што поголем број на луѓе, како дигитално издание давајќи еден мал придонес од областа на културата во оваа необична пролет и овозможувајќи го континуитетот на културниот и социјалниот живот и од сигурноста на нашите домови во ковид кризата.

Период за вложување 04.05.2020 - 18.05.2020 (14 денови)
Пакети и награди

150,00 ден.

0 вложувачи

Binge-watching, гледај колку сакаш!

Го сакам Фестивалот и едноставно сакам да го поддржам.

Ќе бидеш излистан како поддржувач на солидарната културна акција на нашата веб-страница.

300,00 ден.

2 вложувачи

Binge-watching, гледај колку сакаш! 

ФФФ дома со твојот партнер, семејството или блиските, а истовремено придонеси и кон оваа солидарна културна акција и кон овозможување пристап до културата и на твоите сограѓани и пријатели, од кој било дел на земјата и од сигурноста на своите домови.

Ти благодариме за твојата великодушност! Ќе бидеш излистан како поддржувач на солидарната културна акција на нашата веб-страница и ќе добиеш беџ со дизајнот на Фестивалот.

500,00 ден.

1 вложувачи

Binge-watching, гледај колку сакаш! 

ФФФ дома со твојот партнер, семејството или блиските, а истовремено придонеси и кон оваа солидарна културна акција и кон овозможување пристап до културата и на твоите сограѓани и пријатели, од кој било дел на земјата и од сигурноста на своите домови.

Ти благодариме за твојата великодушност! Ќе бидеш излистан како поддржувач на солидарната културна акција на нашата веб-страница и ќе добиеш постер од ФФФ за твојата лична колекција. 

1.000,00 ден.

1 вложувачи

Binge-watching, гледај колку сакаш! 

ФФФ дома со твојот партнер, семејството или блиските, а истовремено придонеси и кон оваа солидарна културна акција и кон овозможување пристап до културата и на твоите сограѓани и пријатели, од кој било дел на земјата и од сигурноста на своите домови.

Ти благодариме за твојата великодушност! Ќе бидеш излистан како поддржувач на солидарната културна акција на нашата веб-страница и ќе добиеш едно списание од националното филозофско списание „Филозофска трибина“ со темат ФИЛОЗОФИЈА И ФИЛМ со бројни текстови од областа на филм-филозофијата и маичка со дизајнот на Фестивалот.

3.000,00 ден.

0 вложувачи

Binge-watching, гледај колку сакаш! 

ФФФ дома со твојот партнер, семејството или блиските, а истовремено придонеси и кон оваа солидарна културна акција и кон овозможување пристап до културата и на твоите сограѓани и пријатели, од кој било дел на земјата и од сигурноста на своите домови.

Ти благодариме за твојата великодушност! Ќе бидеш излистан како поддржувач на солидарната културна акција на нашата веб-страница и ќе ја добиеш книгата „Замислување на мирот: Дијалог за перцепцијата“ на филмскиот маг Вим Вендерс и професорката по филозофија Мери Зурнази од Австралија + 2 списанија од националното филозофско списание „Филозофска трибина“ со темат ФИЛОЗОФИЈА И ФИЛМ со бројни текстови од оваа интересна област кои ќе ја збогатат твојата филм-филозофија колекција. 

6.000,00 ден.

0 вложувачи

Binge-watching, гледај колку сакаш! 

ФФФ дома со твојот партнер, семејството или блиските, а истовремено придонеси и кон оваа солидарна културна акција и кон овозможување пристап до културата и на твоите сограѓани и пријатели, од кој било дел на земјата и од сигурноста на своите домови.

Ти благодариме за твојата великодушност! Ќе бидеш излистан како поддржувач на солидарната културна акција на нашиот веб-страница и ќе ја добиеш книгата „Замислување на мирот: Дијалог за перцепцијата“ на филмскиот маг Вим Вендерс и професорката по филозофија Мери Зурнази од Австралија + 2 филозофски книги или 1 ДВД издание со македонски филмови

10.000,00 ден.

0 вложувачи - 6 од 6 останати

Binge-watching, гледај колку сакаш! 

ФФФ дома со твојот партнер, семејството или блиските, а истовремено придонеси и кон оваа солидарна културна акција и кон овозможување пристап до културата и на твоите сограѓани и пријатели, од кој било дел на земјата и од сигурноста на своите домови.

Ти благодариме за твојата великодушност! Со оваа донација стануваш патрон на ФФФ ПРОЛЕТНИТЕ ОНЛАЈН МИГРАЦИИ и твоето име ќе биде излистано на нашата веб-страница и промотивните материјали како поддржувач на нашите 20 филмови и автори од краткометражната селекција. На овој начин ќе помогнеш што повеќе луѓе во овој тежок период да имаат слободен пристап кон културата и ќе поддржиш една генерација млади режисери чии филмови оваа година се во ризик да се загубат, а нивната работа да престане поради економската криза.

30.000,00 ден.

0 вложувачи - 3 од 3 останати

Binge-watching, гледај колку сакаш! 

ФФФ дома со твојот партнер, семејството или блиските, а истовремено придонеси и кон оваа солидарна културна акција и кон овозможување пристап до културата и на твоите сограѓани и пријатели, од кој било дел на земјата и од сигурноста на своите домови.

Ти благодариме за твојата великодушност! Доколку можеш да го подржиш Фестивалот со оваа сума, ќе добиеш шанса да бидеш спонзор на еден од нашите долгометражни филмови и да го споделиш со нашата публика! Нашиот тим ќе те контактира во однос на еден од филмовите и твојот придонес да се збогати фестивалската програма. Во промоцијата на филмот и во сите промотивни материјали ќе бидеш споменат како „патрон на филмот“

Прифаќаме донации и од компании и ќе понудиме соодветна промоција во рамките на онлајн изданието на Фестивалот (веб-страница, социјални медиуми, реклама во електронскиот каталог на Фестивалот итн.). Исто така, твоите вработени ќе имаат можност да ги гледаат филмовите (согласно капацитетот на нашите виртуелни кино сали) и ќе придонесеш кон една општествено одговорна акција од културата.

30.000,00 ден.

0 вложувачи - 1 од 1 останати

Binge-watching, гледај колку сакаш! 

ФФФ дома со твојот партнер, семејството или блиските, а истовремено придонеси и кон оваа солидарна културна акција и кон овозможување пристап до културата и на твоите сограѓани и пријатели, од кој било дел на земјата и од сигурноста на своите домови.

Ти благодариме за твојата великодушност! Доколку можеш да го подржиш Фестивалот со оваа сума, може да ти понудиме брендирање на паричната награда за „Најдобар краткометражен филм“ во 2020 година со твоето име или името на твојата компанија. Прифаќаме донации и од компании овозможувајќи дополнителна промоција на твојата компанија (веб-сајт, социјални медиуми, реклама во електронскиот каталог итн.) и твоја драгоцена поддршка на еден од нашите режисери успешно да ја продолжи својата работа. 

60.000,00 ден.

0 вложувачи - 1 од 1 останати

„Мецена“ на ФФФ ПРОЛЕТНИ ОНЛАЈН МИГРАЦИИ 

Добредојдени се и општествено одговорни компании кои би сакале ова издание на Филозофскиот Филмски Фестивал да се реализира под нивна закрила и патронат.  

Времето на мецените во културата и уметноста не е поминато! Ако ја сакаш културата, ги сакаш седмата уметност и филозофијата и имаш можност да им помогнеш во оваа криза, ова е твојот начин да направиш придонес за фестивалот кој го сакаш. Стани „мецена“ на ФФФ ПРОЛЕТНИ ОНЛАЈН МИГРАЦИИ и овозможи една алтернативна културна програма да стигне до што поголем број од твоите сограѓани во ковид кризата. Твоето име/името на твојата компанија може да биде излистано како главен донатор на нашиот веб-страница, социјални мрежи и во медиумските информации на Фестивалот, испратени до сите наши медиуми во периодот 21-31 мај.  

Покрај досега споменатите начини на промоција, доколку се случи останатиот дел од Фестивалот наесен, ќе бидете промовирани и на сите печатени промотивни материјали, во кино салите, со слободен пристап за вас и вашето семејство, покани за Отворањето/Затворањето или 10 фестивалски пасови за вработените од вашата компанија, со отворен влез за програмата на целиот Фестивал.

quote
Проект на Ана Дишлиеска Митова Скопје
Категорија · Филм и Театар Креиран на · 02.05.2020 Средства · 90.000,00 ден.