„Концепт мама” книга и дневник

„Концепт мама” книга и дневник

„Концепт мама” е првата македонска сѐ-во-едно книга за бременоста, раѓањето и почетокот на мајчинството. Александра Шекутковска Докоска користи комбиниран жанр од дневник и прирачник, обединувајќи го личното искуство со стручни сознанија и практични совети.

Низ своите размислувања и истражувања таа опфаќа сѐ што би ѝ било неопходно на една современа мајка да знае: трите тромесечја на бременоста, поглавје за вежбање јога и за дизајнирање на домот, подготвување за породувањето и раѓањето, насоки за снаоѓање во првите месеци по раѓањето преку сопственото созревање, масажа на бебето, следење на неговиот развиток и откривање на нашите идентитети како родители во градот. Изборот на теми е според најсовремените препораки и трендови и ја следи светската традиција идните родители да се информираат преку книги. „Концепт мама” е моќна алатка за самоподдршка, конструирање на целовит и балансиран пристап и градење самодоверба во себе како родител.

Заедно со дневникот „Концепт мама“, ќе можете да ги користите како личен водич и бележник додека минувате низ различните поглавја (периоди од родителството). Адресираните теми и истражувања во книгата се поткрепени со современи професионални научни студии и одобрени од врвни македонски лекари. Поставувањето избор од прашања има за цел да им помогне на жените да надминат дел од своите стравови, меѓутоа и да разбие одредени митови и општествени стереотипи околу мајчинството. Бременоста, породувањето, раѓањето и постпартумот се животни промени кои вклучуваат новини во идентитетот на индивидуата, но и одреден опшетствено-културен и традиционален контекст. Следствено, ракописот кој е прецизен, сеопфатен и без осуда се чини повеќе од неопходен за да поттикне креативни размислувања, пристапи, животни стилови, како и информирани, освестени одлуки во македонскиот и поширокиот контекст.

Ризици и предизвици

Причината зошто ја поставивме оваа кампања е за да го комплетираме нашиот буџет за издавање на книгата и дневникот, и да ви дадеме уникатна можност да ги добиете книгата и дневникот пред сите други. Вашите прилози за успешно завршениот crowdfunding проект ќе ни помогнат да ја издадеме книгата оваа есен. Книгата и дневникот „Концепт мама” се целосно завршени и подготвени за печатење од тим на професионалци. Делото по својот дизајн и содржина е единствено на македонскиот пазар. Без разлика за која награда и пакет ќе се одлучите – ќе ни помогнете многу! Дополнително на финансиската помош, би ви биле благодарни доколку го споделите линкот со секој што би можел да биде заинтересиран. Проектот „Концепт мама” постои веќе како етаблирана веб платформа www.konceptmama.mk и https://www.facebook.com/konceptmama/. Преку „Концепт мама” сакаме да изградиме информативна мрежа и кооперативен модел на позитивно дејствување помеѓу различните личности во процесот и градењето доверба во себе на клучните актери – родителите и децата.

8

вложувачи

13.200,00 ден.

собрани од планирани 60.000,00 ден.

37

преостанати денови

Вложи

„Концепт мама” е првата македонска сѐ-во-едно книга за бременоста, раѓањето и почетокот на мајчинството.

Период за вложување 10.06.2018 - 30.07.2018 (50 денови)
Пакети и награди

300,00 ден.

0 вложувачи

Kартичка за благодарност

600,00 ден.

0 вложувачи

„Концепт мама” дневник + картичка за благодарност

Дневникот Концепт мама е ваш личен планер, прилагоден да го користите во трите тромесечја на бременоста и во првите месеци по раѓањето. Содржи и детска книгичка со илустрации на Матис, која е соодветна за новороденчињата.

1.200,00 ден.

5 вложувачи

„Концепт мама” книга + дневник + картичка за благодарност

Пакет од книга и дневник, кои ќе ви бидат верни пријатели низ сите динамични стадиуми на бременоста и породувањето и ќе ви помогнат да носите информирани и сеопфатни одлуки.

3.000,00 ден.

0 вложувачи

„Концепт мама” книга + дневник + маичка со уникатна илустрација од книгата + картичка за благодарност

Пакет кој дополнително содржи и памучна маичка со уникатен принт - илустрација од книгата.

4.200,00 ден.

0 вложувачи

„Концепт мама” книга + дневник + маичка и торба со уникатна илустрација од книгата + картичка за благодарност

Пакет кој содржи и торба со уникатен принт - илустрација од книгата.

6.600,00 ден.

0 вложувачи

„Концепт мама” книга + дневник + маичка и торба со уникатна илустрација од книгата + уникатно парче накит по избор + картичка за благодарност

Пакет кој содржи и парче накит од колекцијата „Градски наративи” 

10.000,00 ден.

0 вложувачи

„Концепт мама” книга + дневник + маичка и торба со уникатна илустрација од книгата + јавна благодарност на веб порталот + средба со писателката + картичка за благодарност

Пакет кој содржи јавна благодарност на веб порталот и средба со писателката.

12.000,00 ден.

0 вложувачи

„Концепт мама” книга + дневник + маичка и торба со уникатна илустрација од книгата + банер за 3 месеци на веб порталот www.konceptmama.mk + картичка за благодарност

Пакет кој содржи банер за рекламирање на веб порталот Концепт мама www.konceptmama.mk. Дополнително на тоа, постојат многубројни можности за спонзорирани постови на нашата Фејсбук и Инстаграм страница.

quote
Проект на Aleksandra Shekutkovska Dokoska Скопје
Категорија · Книги и стрипови Креиран на · 10.06.2018 Средства · 60.000,00 ден.