К.К. Пелистер Младински Екипи – Европска Кошаркарска Програма

К.К. Пелистер Младински Екипи – Европска Кошаркарска Програма

Здраво Битолчани, На Кошаркарскиот Клуб Пелистер Младински Екипи му треба твојата помош, за да изгради една од најдобрите програми за тренирање на младински категории. Твојата помош е потреба за да почнеме да градиме кошаркарски игралишта во основните и средните училишта бидејќи ситуацијата е очајна.

 

1

Ти добро знаеш во кој ситуација е кошарката и спортот во Битола особено Младинските Категории. После 28 години осамостојување, наместо да бркаме Европски просек, да учествуваме на Европски натпреварувања, ние сега сме на Македонското кошаркарско дно. Битола во спортот е светлосни години зад Скопје, ама сега пред нас се и Гевгелија и Куманово и Гостивар и Охрид ,... За програми и стратегии за Младинските Екипи во кошарката досега никој не зборуваше, бидејќи Младинските Кошаркарски Екипи на Пелистер се речиси мртви. Имаме демотивирани млади по кафичи, интернет клубови,.. Овие млади секојдневно слушаат од нивните родители дека кошарката во Битола нема иднина. Време е ова да се промени. Она што е најпотребно во моментот е пет минути од твоето време и донирање на симболична сума на пари за да се соберат средства, за да ја изградиме најдобрата кошаркарски програми за млади во Македонија и да започнеме со реновирање на кошаркарските терени во училиштата во Битола. Твојата помош и твоите пари се потребни за котизции, опрема за играчите и плаќање на тренери кои ќе работат со младинските категории: Нашата цел за оваа година е пријавување на 3 младински екипи кои ќе се натпреваруваат во сезоната 2018/2019 Кошаркарска Младинска Екипа до 16 години – 1 тренер Кошаркарска Младинска Екипа до 18 години – 1 тренер Кошаркарска Младинска Екипа која ќе се натпреварува во Третата Македонска Сенироска Лига – 2 тренер Доколку успееме да собериме поголема сум од околу 2,400,000.00 денари Наша втора цела ќе биде изградба на кошаркарски игралишта во основните и средните училишта. Оваа слика сакаме да биде наше минато.

2

 

Пријавување на уште 2 младински екипи во сезоната 2018/2019 Кошаркарска Младинска Екипа до 12 години – 1 тренер Кошаркарска Младинска Екипа до 14 години – 1 тренер Вие можете да не поддржите преку симболина донација и споделување на објавата со вашите пријатели на социјалните медиуми Во име на Кошаркарскиот Клуб Пелистер однапред ви благодариме за издвоеното време и поддршката Со Почит Мартин Јовановски – Координатор на К.К. Пелистер – Младински Екипи

Ризици и предизвици

Предизвик е да се обезбедат средства за редовна и континуирана програма по Европски стандард за младите кои сакаат коѓарка Предизвик е да се обезбедат средства и да се започни со изградба на училишни кошаркарски игралишта

4

вложувачи

2.350,00 ден.

собрани од планирани 600.000,00 ден.

Затворен

ДОНИРАЈТЕ – за да ја направиме најдобрата кошаркарска програма на К.К. Пелистер за младински категории ДОНИРАЈТЕ – за да изградиме КОШАРКАРСКИ УЧИЛИШНИ ИГРАЛИШТА

Период за вложување 22.05.2018 - 21.07.2018 (60 денови)
Пакети и награди

700,00 ден.

0 вложувачи

Сезонски Билет за сите младински категории сезона 2018/2019

quote
Проект на Martin Битола
Категорија · Граѓански иницијативи Креиран на · 22.05.2018 Средства · 600.000,00 ден.