СМОТРА фестивал

СМОТРА фестивал

СМОТРА фестивал претставува мултимедијален проект во форма на музички фестивал кој како основна цел има да ја децентрализира електронската музичка сцена и да ги приближи младите до современите уметности бидејќи тие се главниот носител за понатамошниот развој на културата и уметноста. Оваа цел ќе се оствари преку анимирање на младите, со што ќе се поттикнат на креативно размислување и дејствување во општеството и со тоа ќе станат активни креатори, а не пасивни консументи. Пред нас е уште еден предизвик за организирање на седмото издание на фестивалот на некомерцијална електронска музика. Овој фестивал со необичната локација (запуштениот војнички клуб во поранешната касарна) и внимателно селектираните домашни изведувачи кои настапуваат со енергични диџеј сетови и настапи во живо, претставува одлично место за сите перфекционисти и љубители на алтернативната култура. Претходните 6 изданија кои се одржаа на различни локации како: поранешен војнички клуб, поранешна кантина, воен полигон и војнички клуб, беа посетени од преку 4000 млади луѓе, а активно учествуваа преку 200 волонтери кои со несебичната поддршка придонесоа за континуитетот на овој фестивал. На овие претходни изданија настапија најдобрите домашни диџеи и продуценти како што се: Saso Recyd, Samoil Radinski, Herzel, Flooder, Nikola Rizov, PASS-N-G-R, Dejan Dex, Aleksandar Vidinovski, Anomalia Nativa, T:Zobe, V.Apostolski, Danny-L, Victouer, Mile Grozdanovski, Goran Iksvel, Nascor San и Bass Infuzija. www.615asocijacija.org

Ризици и предизвици

Не ја консумирај културата, креирај НОВА! Rave on kidZ!

7

вложувачи

2.833,00 ден.

собрани од планирани 60.000,00 ден.

Затворен

Мултимедијален проект во форма на музички фестивал.

Период за вложување 17.05.2017 - 16.06.2017 (30 денови)
Пакети и награди

200,00 ден.

1 вложувачи

2 Стикери од фестивалот + Ограничувачи за книги

250,00 ден.

0 вложувачи

Беџ од фестивалот

400,00 ден.

0 вложувачи

Постер од фестивалот 

600,00 ден.

1 вложувачи

Маичка  од фестивалот

1.000,00 ден.

0 вложувачи

Маичка + бесплатни влезници во наредните 2 - изданија на смотра фестивал

1.200,00 ден.

0 вложувачи

Платнена торба + беџ  од фестивалот

6.000,00 ден.

0 вложувачи

Компаниски пакет /Банер на веб сајт + Лого на печатени рекламни материјали

18.000,00 ден.

0 вложувачи

Компаниски пакет / Банер на веб сајт + Лого на печатени рекламни материјали + Видео реклама за време на фестивалот

quote
Проект на Асоцијација 615 Битола
Категорија · Настани Креиран на · 16.05.2017 Средства · 60.000,00 ден.