ФЕНЕР - меѓународен фестивал за детски театар

ФЕНЕР - меѓународен фестивал за детски театар

„Фенер“ е меѓународен фестивал за детски театар, кој во продукција на Буден Театар досега реализираше три успешни изданија. На светско ниво, театарот за детска публика е во постојан подем што резултира со иновации, кои ја рашируваат перцепцијата за она кое денес спаѓа под оваа уметност. Водени од идејата дека протокот на информации е клучен за Македонија да биде во тек со новите светски тенденции во детскиот театар, го создадовме фестивалот Фенер , како прозорец кон најдоброто од оваа уметност и постојана база на инспирација на идните македонски творци на детски театарски претстави. Фенер e пред се фестивал кој во центарот на вниманието ги поставува децата,но е насочен и театарските професионалци кои создаваат за детска публика. Не ја прифаќаме излитената девиза „децата се најдобра публика“, и се обидуваме ги развиваме своите капацитети за да на децата им го нудиме најдобриот театар. Фенер претставува исчекор напред во културната понуда наменета за детската публика, нудејќи иновативна и внимателно селектирана програма која ги таргетира различните возрастови категории, како и активности кои ја развиваат детската креативност, го провоцираат детското љубопитство и стимулираат кон нови откритија. Програмата на Фенер е конципирана во три сегменти: - ревијален дел, кој вклучува презентација на селектираните претстави - креативни работилници, наменети за развивање на имагинативноста и стекнување на нови вештини кај децата - едукациски дел, наменет за театарски професионалци.

____________________________

FENER- international festival for children's theatre

Fener is an international puppet theatre festival, initiated and organized by Buden Teatar, and it has had three successful editions so far.Worldwide, children’s theatre is a constantly evolving art form. However, these progressive tendencies are barely reaching Macedonia, which is why we considered it of crucial importance to establish this festival that will support the flow of information about between the world and Macedonia. We envisioned the festival as a window to the innovative world’s contemporary theatre for children’s audience and as a source of inspiration and learning for the future generations of Macedonian theatre makers.

The main focus of the festival is on the children as an audience, aiming to offer them high-quality theatrical experiences, allowing them encounters with stories from different cultures, inspiring them, challenging them, and joining them on their journey of self-reflection or reflecting the world around them. We strive to throw away the local saying that ‘Children are the best audience,’ and introduce, instead, the motto that ‘Children are the audience deserving of the best theatre.’

 

Our festival is a step forward in the direction of elevating the quality content of the cultural offer aimed at young audiences in Macedonia, contributing with its carefully selected programme separately targeting particular age groups. The supporting activities of the festival are aimed at the development of children’s imagination, sparking their curiosity and stimulating them to new discoveries. With its training intended for theatre professionals the festival invests in the future in which we envision Macedonian puppetry to have its own distinctive voice locally and internationally. The festival builds bridges between Macedonia and the rest of the world with the belief that the flow of creativity will go both ways.

Ризици и предизвици

Свесни сме дека во Македонија не постои култура на ангажирано партиципирање во креирање на посакуваната реалност преку crowdfunding . Го превземеме ризикот поради таа причина оваа кампања да не биде наполно успешна, но нашата цел не е само да обезбедиме средства и да го реализираме фестивалот ФЕНЕР, туку да придонесеме кон градење на тој принцип на превземање на лична одговорност во создавањето на нештата кои би сакале да ги има. Ние сакаме ФЕНЕР да биде дел од детството на нашите деца, а веруваме многумина ја споделуваат оваа желба со нас. Предизвикот е да поттикнеме свесност дека секој индивидуално според своите можности може да придонесе кон нејзината реализација. We are aware that in Macedonia a culture of engaged participation in creating the wanted reality through crowd funding is barely developed. This brings the risk that the campaign may not be completely successful, but our aim is not just to provide funds and to make this festival, but to contribute in building up that principle of taking personal responsibility in creating the reality we aim to have. We want FENER to be part of our children's childhood; we believe that a lot of people share the same desire with us. The challenge is to raise awareness that everyone individually can contribute to making this happen.

22

вложувачи

50.000,00 ден.

собрани од планирани 147.000,00 ден.

Затворен

ФЕНЕР е меѓународен фестивал за детски театар, кој се организира од Буден Театар почнувајќи од 2012 година.

Период за вложување 07.05.2017 - 03.06.2017 (27 денови)
Пакети и награди

47.000,00 ден.

0 вложувачи - 2 од 2 останати

Интерактивна роденденска забава со театарски елменти осмислена и реализирана специјално за вашето дете од екипата на Буден Театар.

Контактирајте не на fenerfestival@gmail.com  за да ја потврдиме достапноста на терминот на роденденот.

You’ll be rewarded with an interactive birthday party with theatre elements made and created just for your child by the team of Buden Teatar. Contact us through fenerfestival@gmail.com so we can confirm our availability for the date of the birthday. 

21.000,00 ден.

1 вложувачи - 6 од 7 останати

Уникатна сликовница во која главен лик е вашето дете. Приказната на база на информации за детето, ќе ја состави Милиана Ленак, а ќе биде илустрирана од еден од следниве дизајнери: Иван Петрушевски-Флим, Ем Елефантски, Злата Галабоска, Ника Гавровска, Јана Андева, Гордана Бурзевска и Нина Максимова.

Контактирајте не на fenerfestival@gmail.com  за да ви потврдиме дали избраниот дизајнер е се уште достапен. Сликовницата ќе ви биде врачена на 18 Јуни за време на фестивалот ФЕНЕР.

You’ll be rewarded with a unique picture book in which the main character is your child. The story will be written by Miliana Lenak, and illustrated by some of the following designers: Ivan Petrushevski-Film, Em Elefantski, Zlata Galaboska, Nika Gavrovska, Maja Andova, Gordana Burzevska and Nina Maksimova. Contact us through fenerfestival@gmail.com so we can confirm you if the chosen designer is still available. The picture book will be given to you on June 18 during the festival FENER.

17.000,00 ден.

0 вложувачи - 4 од 4 останати

Песничка која пее за вашето дете. Текстот на база на информации за детето ќе го состави Милиана Ленак, а музиката композиторите Виктор Гајтаноски и Драгана Заревска (Telemama).

Пишете ни кој е вашиот префериран композитор на fenerfestival@gmail.com  

Песничката ќе ви биде врачена на цд, на 18 јуни за време на фестивалот ФЕНЕР.

You’ll be rewarded with a song that sings about your child. The author of the text will be Miliana Lenak, as for composing the music you can choose between Viktor Gajtanoski or Dragana Zarevska.

Write us about your choice at fenerfestival@gmail.com

 

The song will be delivered to you on cd, on June 18 during the festival FENER.

4.700,00 ден.

1 вложувачи - 2 од 3 останати

"Дивотија во кутија" пакетче  со тематски активни игри на тема диви животни , дизајн на Бојана Цветанова Минковска.

Ќе ви биде врачена на 18 јуни за време на фестивалот ФЕНЕР.

You’ll be rewarded with “Wild life in a box”- a set of thematic active games on the theme wild animals, designed by Boyana Tsvetanova Minkovska

 

The box will be delivered to the child on June 18 during the festival FENER.

 

3.000,00 ден.

0 вложувачи - 3 од 3 останати

Уникатно парче накит-ѓерданче со привезок на кое вашето дете е насликано како принц/принцеза, дизајнирано од Александра Иванова. Фотографија од детето испратете ни на fenerfestival@gmail.com

Подарокот ќе ви биде доставен на 18 јуни за време на фестивалот ФЕНЕР.

You’ll be rewarded with unique piece of jewelry with a pendant of your child painted as a prince or princess, designed by Alexandra Ivanova. Send us a photo of your child on fenerfestival@gmail.com . The gift will be given to the child on June 18 during the festival FENER

2.000,00 ден.

1 вложувачи - 39 од 40 останати

Маичка со логото на фестивалот ФЕНЕР.  Пишете ни на fenerfestival@gmail.com податоци за полот и големината. Ќе ви биде врачена на на 18 јуни за време на фестивалот ФЕНЕР.

You’ll be rewarded with a t-shirt with the logo of the festival FENER. Contact us at fenerfestival@gmail.com with data for your gender and size. The t-shirt will be given to you on 18 June during the festival.

1.400,00 ден.

1 вложувачи - 69 од 70 останати

Две влезници за претстава на фестивалот ФЕНЕР,  беџ со логото на ФЕНЕР, и сет разгледници со мотиви од каталогот за ФЕНЕР 2017 кој ќе биде дизајниран од Ем Елефантски. .

Контактирајте не на fenerfestival@gmail.com  откако ќе биде објавена програмата, за да не информирате за која претстава да бидат влезниците.

You’ll be rewarded with two tickets for the performance at the festival FENER, a badge with the logo of the festival, and a set of postcards with motifs from the catalogue of the festival which will be designed by Em Elefantski.

 

Contact us at fenerfestival@gmail.com once you have a program to inform us for which performance the ticket should be.

700,00 ден.

0 вложувачи - 140 од 140 останати

Сет разгледници со мотиви од каталогот за ФЕНЕР 2017 кој ќе биде дизајниран од Ем Елефантски.

We will thank you with a set of postcards with motifs from the catalogue of the festival which will be designed by Em Elefantski.

quote
Проект на Miliana Lenak Скопје
Категорија · Филм и Театар Креиран на · 07.05.2017 Средства · 147.000,00 ден.